Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Повикувам што повеќе Албанци во јавната администрација, но не се јавуваат за плата од 25.000 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Повикувам што повеќе Албанци во јавната администрација, но не се јавуваат за плата од 25.000 денари
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Повикувам што повеќе Албанци во јавната администрација, но не се јавуваат за плата од 25.000 денари

Објавено February 27, 2025 13:54
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката на ДУИ, Рина Ајдари истакна дека не е заробеник на проценти и дека јавната администрација се соочува со голем проблем за наоѓање кадар без разлика дали се Македонци,  Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци поради аздисаноста на функционерите од нејзината партија и празнењето на државниот буџет што доведе до тоа истиот да не е во состојба да понуди добри плати. 

„Поврзано со прашањето и поврзано со примањата во јавната администрација морам да ви признам дека ние денеска во суштина имаме голем проблем да најдеме луѓе коишто ќе работат во јавната администрација без разлика дали тие се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци итн. Имаме отворени конкурси и молиме луѓе да се вработат, но не сакаат бидејќи имаат подобра и подобро платена работа. Верувајте ми, ова ви го кажувам од прво име“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Е сега има вработени како тие од Лотарија на Македонија, најголемиот дел активисти на вашата политичка партија  или блиски на активисти на вашата политичка партија кои пак самите си дадоа отказ. По формирањето на новата влада самите си дадоа отказ. Во суштина и не знам дали можам да им дадам статус на вработени бидејќи и не иделе на работа, а добивале плата. И потоа одговорното лице добива кривична пријава и бега, односно директорот. Бега од државата, наместо да дојде да се соочи и да каже зошто е тоа така, тој бега“.

Тој исто така додаде дека ваквата состојба е како резултат на примери како на, како што рече, бегалецот кој е на црната листа и кој додека беше на функција мислеше дека оваа држава е негова своевина.

„Еве јас јавно повикувам да има што повеќе апликанти Албанци, повеќе апликанти Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци да влезат во јавната администрација и не сум заробеник на проценти, само да има квалитетни и коишто се мотивирани да работат. Веднаш утре да почнат да работат. Не се пријавуваат нема интерес. Никој нема да дојде за 25 илјади плата. Знаете зошто? Затоа што еден друг бегалец којшто е на црната листа мислеше дека оваа држава е негова своина, си играше фудбалчиња, а по малку и си работеше во Лотарија, па по малку си изнајмуваше простории коишто ги натплаќаше едно 10 пати повеќе од пазарната сума, па малку повеќе си купуваше објекти во центарот на Скопје, туристички агенции за неговото семејство итн, истакна Мицкоски и додаде: 

„Така  се празнеше и се цицаше државниот буџет којшто сега не може да си дозволи поголема плата и поголеми примања за да можеме да бидеме атрактивни како сектор, за да има повеќе Албанци коишто ќе доаѓаат на работа коишто ќе бидат мотивирани да работат коишто ќе сакаат да работат и коишто ќе придонесуваат заедно со мене, со вас за нашата заедничка унитарна држава. Нема интерес. Никој нема за 22-23 илјади да дојде да работи“.

Мицкоски исто така додаде дека рамката на законот за правична застапеност е готова и дека се работи на тоа да биде уставен, апликативен и никој во иднина да не може да го оспорува и да прави политички поени на оваа тема.

„Рамката на идниот закон е готова уште пред Нова Година. И да, во рамките на коалицијата во којашто е Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата ВРЕДИ, политичката партија ЗНАМ, се работеше, се разговараше на решение коешто ќе биде уставно. Решение коешто нема да дозволи поедини политички партии, вработувањето коешто е уставно загарантирано да биде предмет на политичка дебата и политички собирање поени на одредени политичари коишто во отсуство на друга тема, немаат друга тема само тоа знаат и етнички ќе ги делиме сега работите“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АХВ нареди уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо
Следна Статија Потпретседателката на СДСМ, Чупеска за Илон Маск: Порано ми се „свиѓаше“ футуристичкиот дечко, а сега веќе не (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски на Светскиот полициски самит во Дубаи: Македонија со големо значење во регионалната стабилност и европската безбедност

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати учествуваше на Светскиот полициски форум –…

May 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вардан Тозија: Скопје умира во тивок сообраќаен хаос

Режисерот Вардан Тозија остро реагира на урбанистичките политики во Скопје и предупредува дека градот се гуши во тивка смрт, предизвикана…

October 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Европарламетот на 4ти јуни: Резолуција со која се признава посебниот многувековен македонски идентитет и посебниот меѓународно кодифициран македонски јазик

За прв пат пред европратениците ќе се најде Извештај во кој на неколку наврати се споменува многувековниот посебен македонскот идентитет…

May 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пејачот Панчо од ДНК со изгореници на лицето и раката е на кислородна поддршка: Трагичната ноќ во „Пулс“ остави длабоки последици

По пожарот кој сношти изби во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде што настапуваше групата ДНК, пејачот Владимир Блажев-Панчо има изгореници…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?