Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ФОТО) Километарска колона возила со часови заглавена кај Маврово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ФОТО) Километарска колона возила со часови заглавена кај Маврово
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Километарска колона возила со часови заглавена кај Маврово

Објавено January 5, 2025 20:34
Сподели
Сподели

Сончевиот викенд во Маврово заврши и сега километарска колона возила е заглавена со часови на пат за дома. Некои од граѓаните чекаат повеќе од четири часови.

Телма пренесуваат дека и резервоарите со гориво им се при крај, а полицијата ги пренасочува да се враќаат од кај селата Леуново и Никифорово, што е цел круг околу езерото бидејќи немало услови за движење од другата страна.

Во текот на денот поплаки за гужва на Маврово се појавија и на социјалните мрежи. Наводно, скијачите со часови чекале за да извадат ски-билети, оставени да се прашуваат зошто нема можност за купување на карти преку интернет.

Според првичните информациите од ЦУК се работи за застој поради голем број автомобили на тесниот пат. Од таму информираат дека има застој и на крстосницата Маврово-Кичево-Гостивар.

Освен студот, стравуваат дека ќе останат без бензин затоа што ги пренасочуваат од кај селата Леуново и Никифорово, треба да направат цел круг околу езерото, бидејќи велат дека нема услови за движење од другата страна.

Доцна вечерва беше соопштено дека редиците колони започнале да се движат и дека набргу ќе се реши колапсот во сообраќајот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вака изгледа куќата на монструмот од Цетиње
Следна Статија Се повеќе кандидати за нокаутирање на Винисиус

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Василевска: Во периодот на владеење на СДС и ДУИ обвинителството имаше директна комуникација со извршната власт

На денешната панел-дискусија на тема „Негативниот годишен извештај за работата на Судскиот совет и потребата од реформи во правосудниот сектор…

December 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Да се потсетиме на епот на Ковачевски за „мажиштето“ Зоран Заев

Полицијата во координација со Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) од рано изутрината спроведува акција во…

December 10, 2024
БАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Србите ќе патуваат без зелен картон во Македонија

Овој трошок за граѓаните на Србија, но и за државјаните на останатите членки на ЦЕФТА договорот, треба да се укине,…

September 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Ја пуштаме за сообраќај новата пруга Куманово – Бељаковце, ова е поттик за економски напредок на регионот

Само со посветенот и одговорност, за две недели можат да се пуштат во употреба три крупни капитални проекти. Денеска ја…

January 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?