Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски до влашката заедница: Имате значајна улога во градењето на Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски до влашката заедница: Имате значајна улога во градењето на Македонија
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до влашката заедница: Имате значајна улога во градењето на Македонија

Објавено May 23, 2025 11:06
Сподели
Сподели

Премиерот, Христијан Мицкоски, упати честитка по повод 23 Мај – Националниот дел на Власите.

Тој вели дека влашката заедница има значајна улога во градењето и развојот на Македонија.

„И во историска и во општествена смисла тие се лојален дел од развојот и постоењето на државата.

Денес Власите активно учествуваат кон трансформирање на државата, нешто за коешто се обврзавме пред граѓаните.

Преку заедничка работа, труд и посветеност ние градиме соживот, но и услови за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани.

Свесен сум дека и Власите како и останатите граѓани го живеат тешкото секојдневие на предизвици и препреки, но заедно сите посветено мораме да работиме да ги премостиме сите заеднички проблеми и да донесеме решенија за идните генерации.

Македонија го оди патот на трансформацијата, каде што ќе се почитуваат принципите на владеење на правото, правна држава, бескомпромисна борба против криминалот, како и вредностите врз кој треба да се развива државата, а тоа е исполнување на ветувањата, реализација на проектите и градење на држава во која секој ќе си ја пронајде сопствената иднина и среќа.

Наша обврска и задача е преку толеранција, меѓусебно разбирање и почитување на различностите да продолжиме да живееме и создаваме во ова парче земја и да градиме мостови на пријателство.

Нека Ви е честит 23 мај, Националниот ден на Власите“, пишува во честитката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шеј покажа зошто е МВП, блесна за нов триумф на Оклахома (ВИДЕО)
Следна Статија Залужни: Украина не може да ги врати границите од 2022 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во 15 часот и 46 минути започнува пролетта

Пролетта во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 15 часот и 46 минути. Во исто време на јужната…

March 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Македонија меѓу земјите со најголем пад на населението

Светска банка ја стави Македонија на листата на земји и територии кои доживуваат најголем пад на населението во светот. Најголемиот…

September 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Собранието без расправа донесе повеќе законски решенија, меѓу кои и на Законот за медиуми и на Законот за минимална плата

Собранието во рамките на денешната работата по дневниот ред на 44. седница без расправа донесе 19 законски решенија за изменување…

April 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Започнаа оставки: Крстевска Цалева се повлекува од фукцијата в.д. шеф на Вишото обвинителство Скопје

Обвинителката Наташа Крстевска Цалева поднесе писмена оставка од функцијата в.д. шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје, која денеска ќе биде…

February 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?