Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до Кос: Лидерската средба ЕУ-Западен Балкан признание за новата енергија со која Владата ги води реформите

Објавено June 30, 2025 19:22
Сподели
Сподели

 Премиерот Христијан Мицкоски на средбата попладнево во Владата со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, ја истакнал определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи во областите на владеењето на правото, економскиот развој и дигиталната трансформација.

-Денес остварив средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во дводневна посета на земјава по повод лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан. На средбата се разговараше за европската перспектива на регионот, со фокус на спроведувањето на реформите, реализацијата на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и унапредувањето на соработката со европските институции. Ја истакнав цврстата определба на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи во областите на владеењето на правото, економскиот развој и дигиталната трансформација, напиша Мицкоски на неговиот официјален фејсбук профил.

Еврокомесарката Кос, посочува тој во објавата, ја поздравила реформската агенда на Владата и ја потврдила поддршката на Европската комисија за напредокот на регионот на европскиот пат.

-Нагласив дека средбата претставува потврда за зголемената улога на државата во регионалните и европските процеси, како и признание за новата енергија со која Владата ги води реформите и создава предвидлива и стабилна иднина за сите граѓани, подвлече премиерот Мицкоски во објавата.

На лидерската средба чиј формален дел ќе започне утре најавено е присуство на лидерите од Западен Балкан, како и на министри, високи претставници од Европската унија, регионални организации и меѓународни институции. 

Во рамки на лидерската средба утре ќе се одржат два панела од кои првиот ќе биде посветен на Планот за раст на Западен Балкан и на него ќе се обратат премиерот Мицкоски и еврокомесарката за проширување, по што ќе следи заедничка прес-конференција. 

Вториот панел ќе биде посветен на конкретните механизми и поддршка за спроведување на Планот за раст.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гвардиола: Светското клупско првенство нè уништи
Следна Статија Сите пациенти ја добиваат потребната терапија, достапни се лековите за третман на Онкологија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ова се имињата на 49-те нови судии

Нови 49 судии низ државава беа избрани на денешната седница на Судскиот совет на Република Македонија. За судии на Основен…

March 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повторно одложено судењето за Веапоска

Родилката од Дебар Јилдиз Веапоска која остана без матка, бубрег и јајник, судницата ја напушти со солзи. Дешното рочиште закажано…

February 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски нов претседавач на Балканскиот форум на уставни судови

Уставниот суд на Македонија од денеска, во наредната година ќе претседава со Балканскиот форум на уставни судови (BCCF) и ќе…

November 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска: Дали францускиот амбасадор во Будимпешта му забележа на Орбан за истото тоа што го стори Македонија?

Шефицата на државата смета дека Македонија постапила добро со поддршката на САД затоа што со тоа не се крши заедничката…

February 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?