Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: До крајот на годината ќе се донесат законите поврзани со правосудството, ќе се бара одговорност за секој потрошен денар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: До крајот на годината ќе се донесат законите поврзани со правосудството, ќе се бара одговорност за секој потрошен денар
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: До крајот на годината ќе се донесат законите поврзани со правосудството, ќе се бара одговорност за секој потрошен денар

Објавено November 14, 2025 16:38
Сподели
Сподели

До крајот на годината ќе бидат донесени реформските закони поврзани со правосудството односно со судиите и обвинителите и за јавно обвинителска и судска служба. Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска изјави бидејќи со нив се бара финансиска независност се анализира како тоа е решено во други земји во Европа, но нагласува оти ќе се бара отчетност за секоја потрошена пара преку Државниот завод за ревизија и собраниската комисија.

Мицкоски кажа дека вчера имал состанок со министрите за надворешни работи и трговија, за европски прашања и за финансии и оти се анализираат неколку модели во рамките на Европската унија. Не можеме, потенцираше тој, ние да бараме 0,8 проценти, а во многу поразвиени земји е 0, 2, 0,3 или 0,4 проценти.

Анализираме неколку модели од Европа колкав е тој процент од Буџетот и дали се однесува на приходната страна, на вкупните приходи или на БДП. Но, треба да знаат дека во тој момент одговараат за секој денар пари потрошени до вас граѓаните. Од хигиенски препарати па се до реконструкција на институциите. Ќе го добијат тоа. Јавно кажувам дека ќе го добијат тоа откако ќе ја направиме деталната анализа во современите земји. Сами нека вработуваат, сами нека се грижат за сите оперативни трошоци, сами нека си дават плата во рамки на Буџетот кој што ќе биде процент онаков каков што е во неколку примери кој пто ги дефиниравме – рече Мицкоски.

Ќе барам, потенцираше тој, само една работа: одговорност.

Еве ние тоа како Влада тоа ќе го направиме. Само една работа ќе бараме одговорност за потрошениот денар народни пари преку државниот завод за ревизија и собраниската Комисија која што врши надзор над работењето. Тоа се народни пари. Тоа не се нивни пари. Како што мене ме контролираат, така и нив ќе ги контролираат – рече Мицкоски.

Премиерот нагласи дека ако останеме на едноцифрена поддршка за судиите и обвинителите, ние ништо не сме направиле.

Јас како претседател на Владата сум прв тоа да го добијат. Да видиме тогаш што ќе пречи. Очекува исто така да излезат од Брисел и да кажат исто така браво и да ни кажат дека сме одлични. Петка дека сме добиле. Затоа што нели тоа беше проблемот. Немало реформи еве ќе ги донесеме до нова година. Ајде да видиме дали е тоа пречката или е нешто друго- рече Мицкоски.

Тој не го коментираше писмото на членовите на Судски совет, Врховен суд и Здружение на судиите, потенцирајќи дека остава граѓаните да кажат дали се задоволни од испораката на правдата во Македонија.

Јас нема да давам одговор на таков тип дописи. Оставам јавноста да каже. Еве граѓаните нека кажат дали се тие задоволни од испораката на правда во Македонија, рече Мицкоски. Додаде дека ќе се држи до она што го кажа претходно. Ќе гледаме, рече тој, секој денар каде го трошат и оти тоа исто така им го ветува. – Да не се случи после дел од нив да се најдат на обвинителска клупа како обвинети – рече премиерот Христијан Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Царината заплени 10 илјади парчиња лекови ризични по здравјето на граѓаните
Следна Статија Се водат интензивни преговори со 3-4 пратеници од НАИ: Се проширува ли владејачкото мнозинство по јануари?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Јавниот обвинител, Лиле Стефанова и судирот на интереси

Аргумент плус дека државниот обвинител е зрел за менување покажува и неговата Одлука за надзор, со која тој ги прекршил…

February 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Опасноста од излевање на Вардар и Треска е реална

Утрово сѐ уште е исклучително висок водостојот на реката Вардар во горното течение и сѐ уште постои опасност од излевање…

February 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ќе го положи Чесниот крст во Охридско Езеро за Водици

Архиепископот на Македонската православна црква ОА, неговото блаженство господин господин Стефан ќе раководи со чинот на осветувањето на водите на…

January 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

И болните може да се излечат: Денеска е Балаклија, првиот петок по Велигден

Првиот петок по Велигден е Источен петок – Балаклија. Источен петок, се вика уште и Извор на лекувањето, бидејќи тој…

April 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?