Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Жените се „моторот“ на општествените промени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Жените се „моторот“ на општествените промени
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Жените се „моторот“ на општествените промени

Објавено May 18, 2025 14:38
Сподели
Сподели

На 20-тата Годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, која денеска се одржува во Градскиот парк во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека жените се фундаментот на општеството, носители на борба, истрајност и промени.

– Жените низ времињата биле моторот кој усмерувал, истрајувал низ сите бури и премрежја. Денес кога гледам во колкав број и со каква енергија сме тука, јасно е дека идејата е сѐ уште жива, а мотивот поголем од било кога, изјави Мицкоски, нагласувајќи ја клучната улога на жените во градењето на државните и општествените процеси.

Во своето обраќање, тој изрази длабоко уважување кон секоја жена која со мудрост, волја и ентузијазам придонесува за иднината на државава.

– Македонија мора да успее. И тие победи мора да се случуваат секој ден, сантиметар по сантиметар, чекор по чекор, непрестајно да се бориме за нашата иднина, порача премиерот, истакнувајќи дека оваа борба е заедничка и дека секоја жена е дел од тој процес.

Мицкоски упати благодарност до претседателката Жаклина Пешевска и сите членки на Унијата на жени, нагласувајќи дека нивната посветеност, активност и ангажман се темел на политиките што се стремат кон подобра иднина за државата.

Конференцијата, која годинава го носи мотото „Жените громогласни за Македонија“, ја истакнува дведецениската посветеност на Унијата во борбата за правата и застапеноста на жените во политичкиот и општествениот живот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пратеникот Сулејмани од Алијансата поднесе оставка
Следна Статија Пешевска: Со својата громогласна борба ја покажавме нашата одлучност за промени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ахмети: Протестот не е против Македонија – обвинетите во Хаг придонеле за развојот и стабилноста на државата

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на протестот што беше организиран во Скопје во поддршка на поранешните лидери на ОВК, изјави…

December 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски на средба со италијански експерт за сообраќајни решенија- Џовани Ботини, извршен директор “SYSTEMATICA”

На продуктивниот работен состанок во просториите на Општина Кисела Вода присуствуваше Џовани Ботини, извршен директор на италијанската компанија “SYSTEMATICA”, како…

February 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме, треба да му се даде шанса на дијалогот со Софија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека сето она што го ветиле на изборите во однос на евроинтеграциите многу внимателно го…

February 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-Романија во Куманово

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од…

August 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?