Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски на средба со италијански експерт за сообраќајни решенија- Џовани Ботини, извршен директор “SYSTEMATICA”
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ѓорѓиевски на средба со италијански експерт за сообраќајни решенија- Џовани Ботини, извршен директор “SYSTEMATICA”
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски на средба со италијански експерт за сообраќајни решенија- Џовани Ботини, извршен директор “SYSTEMATICA”

Објавено February 23, 2025 11:41
Сподели
Сподели

На продуктивниот работен состанок во просториите на Општина Кисела Вода присуствуваше Џовани Ботини, извршен директор на италијанската компанија “SYSTEMATICA”, како и професорите од Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Огнен Марина и проф. д-р Ана Тромбева Гаврилоска, заедно со советникот на градоначалникот за урбанистички прашања, Славе Трпески. Главната тема на дискусијата беше идентификувањето на сообраќајните предизвици и пронаоѓањето на иновативни решенија за нивно надминување, со посебен фокус на Општина Кисела Вода и поширокото подрачје на Скопје.

Кога станува збор за решавање на урбаните сообраќајни проблеми, малку компании можат да се пофалат со искуство како “SYSTEMATICA”. Оваа италијанска фирма стои зад некои од најуспешните проекти за транспортно планирање во светот – од Милано, Рим и Торино до Лос Анџелес и Дубаи. Нивниот пристап се базира на детална анализа на сите можни транспортни решенија, со цел креирање долгорочни, одржливи стратегии кои ја подобруваат функционалноста на градовите.

Градоначалникот Ѓорѓиевски ја нагласи важноста на ваквата експертиза во контекст на се’ поголемите предизвици со кои се соочуваат македонските градови.

Општина Кисела Вода

-Урбаните средини се менуваат, бројот на возила расте, а со тоа и потребата од добро осмислени решенија. Само преку стратешко планирање и соработка со докажани експерти како “SYSTEMATICA” можеме да изградиме функционален, ефикасен и модерен транспортен систем. Нашата обврска е да донесеме решенија што ќе обезбедат подобар квалитет на живот за сите граѓани – истакна Ѓорѓиевски.

Во рамки на средбата се дискутираше и за големиот успех на Меѓународниот конкурс за Расадник што го реализираше Општина Кисела Вода, првиот ваков конкурс во Македонија после 1965 година. Проектот привлече огромно внимание, не само во домашната јавност, туку и во светските стручни кругови. Жирито беше составено од меѓународни експерти, вклучително и реномиран професор од Италија, а поддршка стигна и од домашните релевантни институции – Архитектонскиот факултет во Скопје, Комората на овластени архитекти и инженери и Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

Заклучокот од средбата беше јасен – само преку силна соработка меѓу локалните власти, академската заедница и меѓународните партнери можеме да создадеме одржливи, паметни и ефикасни решенија кои ќе ја дефинираат иднината на македонските градови.

Italian Design Day е проект на италијанското Министерство за надворешни работи со кој се промовира дизајнот како универзална експресија на “Made in Italy”. Овој ден се одбележува со богата програма од настани организирани од италијанските амбасади низ целиот свет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Наследила 590.000 евра во криптовалути, но за да ги подигне мора да уплати 1.4 милиони денари – измама во Пробиштип
Следна Статија Путин: Русија ќе ги зајакне своите воени капацитети

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Внимавајте: Забележана мечка над Горно Коњско

Според достапните информации, мечка денеска била забележана во реонот над селото Горно Коњско, во близина на Охрид. Од надлежните ги…

July 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Продолжува судењето за „Пулс“

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а…

February 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Предметот за пожарот во „Пулс“ ќе го застапуваат 15 обвинители

Истрагата за полициските службеници, во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, беше предвидено да заврши до крајот на…

November 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ

Министерството за внатрешни работи соопшти дека до неколку граѓани, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на…

November 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?