Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски задоволен од растот на индустриското производство: Очекувам трендот на раст на БДП да продолжи и не би се изненадил доколку дојдеме до раст од 4% до 4,5%
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски задоволен од растот на индустриското производство: Очекувам трендот на раст на БДП да продолжи и не би се изненадил доколку дојдеме до раст од 4% до 4,5%
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски задоволен од растот на индустриското производство: Очекувам трендот на раст на БДП да продолжи и не би се изненадил доколку дојдеме до раст од 4% до 4,5%

Објавено March 7, 2025 13:43
Сподели
Сподели

Во месец јануари имаме раст од 1,4% раст на индустриското производство, очекувам раст на истот во првиот квартал и не би се изненадил доколку дојдеме и до раст од 4% до 4,5%, истакна денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

-Што се однесува до индикаторите, можам да го изразам моето задоволство бидејќи после 6 месеци ние успеавме да дојдеме до состојба нула. Кога велам до состојба нула, нашата стратегија беше во три чекора: прво, слободното паѓање кое што беше јасно, граѓаните тоа го чуствуваа да го сопреме, а потоа да дојдеме до состојба нула, тоа беше втората фаза, а веќе од состојба на нула да почнеме да се креваме нагоре, рече Мицкоски.

После само шест месеци ние сме во позиција да кажеме дека индустриското производство во месец јануари порасна за 1,4%, вели Мицкоски.

-Некои велеа дека за да дојдеме до состојба нула можеби ќе треба година до година и пол, јас навистина сум задоволен што еве ио после шест месеци ние доаѓаме до позиција да кажеме дека конечно индустриското производство порасна овој месец јануари за 1,4%, што е добро и тоа со фокус на преработувачката индустрија. Се уште тука имаме карј рударската и кај автомобилската индустрија опаѓање поради опаѓање на нарачките во Германија, поради кризата во автомобилскјата индустрија и во делот на снабдувањето со електрична енергија и климатизација исто, мислам дека во следните месеци и тука ќе се подобриме бидејќи состојбата во ЕСМ веќе е консолидирана. Но и сето останато и интермедијалните производи, во се има раст, така што овие 1,4% раст на индустриското производство охрабруваат, охрабрува опаѓањето на невработеноста и растот на вработеноста, тоа значи дека бројот на вработени се зголемува, што значи дека тие што додават вредност и трудо интензивни се зголемува, но морам исто така да напоменам дека за за 5% е зголемен извозот во јануари месец, нешто што не е забележано од јуни 2023та година. Извозот е за 5% зголемен. Очекувам во првиот квартал трендот на растот на БДП да продолжи и не би се изненадил ако во овој прв квартал дојдеме до 4’% или 4,5% па и повеќе, рече премиерот.

Мицкоски понатаму вели дека не треба опуштање и дека треба да се следат и анализират бројките.

Можам со задоволчство да кажам дека таа наша цел да дојдеме до состојба нула Влада, веќе дојдовме, треба да следиме и да продолжиме, да не се опуштаме и месеците кои што следат да ги анлизираме бројките и да продолжиме да работиме за доброто на граѓаните, заклучи премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стојкоски: Затворени маркети, аптека и увозници кај кои се утврдени маржи до 70 отсто
Следна Статија Граѓаните ќе заштедуваат од 50 до 60 милиони евра со влезот на Македонија во СЕПА, појасни премиерот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во…

July 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Деаноски: Не отстапуваме од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Нема да отстапиме од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра, бидејќи тоа е прагот под кој не…

November 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

Директорот на Катастар: Ќе се оневозможи вештачкото зголемување на цените на недвижностите

Секој граѓанин својата недоумица и прашање од областа на катастарското работење ќе може да ги постави до вработените од Агенцијата…

September 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

За шест отсто се зголемил бројот на патници на двата аеродроми

Двата македонски аеродроми Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид во првите девет месеци опслужиле вкупно 2…

October 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?