Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Започна со работа фабриката „Магна Мехатроникс“, инвестиција околу 40 милиони евра и вработувања на 600 лица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Започна со работа фабриката „Магна Мехатроникс“, инвестиција околу 40 милиони евра и вработувања на 600 лица
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Започна со работа фабриката „Магна Мехатроникс“, инвестиција околу 40 милиони евра и вработувања на 600 лица

Објавено April 2, 2025 13:05
Сподели
Сподели

Канадската компанија „Магна мехатроникс“ денеска отвори фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Инвестицијата во новиот капацитет со површина од 18.200 метри квадратни изнесува 40 милиони евра и треба да отвори над 600 работни места до 2027 година. Новиот капацитет е втора фабрика на Магна во државава.

Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста во присуство на Магна Мехатроникс оцени дека инвестицијата ќе биде силен акцелератор на економскиот развој и позитивите промени во државава.

– Оваа инвестиција не е само капитален проект, туку вистинска приказна за доверба, партнерство и заедничка визија. Се простира на 18.000 метри квадратни за што ќе бидат инвестирани 40 милиони евра и во пикот на инвестицијата ќе бидат отворени 600 рабитни места. Благодарение на оваа фабрика се отвораат нови работни места, се зголемува индустриското производство и се зајакнува економијата. Нашата земја ја покажува својата подготвеност да биде дом на успешни и конкурентни компании кои не само што произведуваат туку и создаваат вредности што ќе се чувствуваат низ генерациите. Остануваме посветени на создавање поволна бизнис клима, транспернтни услови за инвестиции и поддршка за секој стопанственик кој има визија да вложува тука, рече Мицкоски.

Генералниот директор на Магна Мехатроникс Штип, Горан Деспиновски посочи дека ТИРЗ Штип е одбрана за локација за инвестирање по позитивните искуства од нивната фабрика во Струга, каде имаат 1000 вработени и инвестиција од 30 милиони евра, како и добрата инфаструктурата, добрите цени на комуналии, квалификуваната работна сила и поддршката од Владата.

– Оваа година ќе ја завршиме со 350 вработени, 2026. со 440, а потоа од 2027 година над 600, рече Деспиновски.

Претседателот на Магна Мехатроникс Мирорс и Лајтинг Џеф Хант најави дека фокусот ќе биде на производство на бројни мехатронички производи што овозможуваат иновативен пристап за клиентите и подобро искуство во возењето.

– Како лидери на пазарот на мехатрониката возбудени сме што можеме да продолжиме со развојот на овие проиозводи и тоа ќе го правиме на успешниот темел што веќе го поставивме тука во Северна Македонија, рече Хан.

Според Уве Гајсингер, претседател на Магна Европа, со инвестицијата го препознаваат огромниот потенцијал на овој регион.

– Со обезбедување локации ширум континетот се позиционираме подобро да ги опслужуваме нашите клиенти, да одговориме на барањата на пазарот и да стимулираме иновации во автопмобилската индустрија. Новата фабрика е показател за нашата верба во моќта на соработката, силата на локалчните талентирани луѓе и во важноста на одржливиот развој, изјави Гајсигер.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Советот на јавни обвинители даде негативно мислење по предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски
Следна Статија Со едноминутен молк за жртвите во Кочани, ССМ на улица ја отвори првата јавна седница, бараат 500 евра минимална плата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Совет на Народната банка: Растот на домашната економска активност е стабилен

Советот на Народната банка го усвои најновиот Квартален извештај − најважните сегменти од економијата се во согласност со очекувањата Советот…

August 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Најмалку десет нови дестинации преку двата аеродрома, нови инвестиции во железницата

Најмалку десет нови дестинции преку двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, како и силен инвестициски циклус во железницата, најави…

October 3, 2024
ЕКОНОМИЈА

Трајановски: За максимум четири години ќе бидат завршени сите делници што ги гради „Бехтел и Енка “

Откочени се одредени процеси со „Бехтел и Енка“ и во наредните максимум четири години ќе бидат завршени автопатите од коридорите…

November 6, 2024
ЕКОНОМИЈА

Народна банка ја намалува каматната стапка на благајничките записи

Народната банка на Македонија најави намалување на каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени. Оваа промена е дел…

October 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?