Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за законите од Реформската агенда: Имаме јасен план и фокус, наша стратегија е да бидеме најдобри
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за законите од Реформската агенда: Имаме јасен план и фокус, наша стратегија е да бидеме најдобри
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за законите од Реформската агенда: Имаме јасен план и фокус, наша стратегија е да бидеме најдобри

Објавено November 25, 2025 15:59
Сподели
Сподели

Имаме јасен план и јасен фокус. Нашата стратегија е да бидеме најдобри во одделението. Тоа ќе го направиме. Иако тоа некој не го цени. Ако мисли дека треба билатералните прашања да бидат пречки за нашето членство во ЕУ, простете, ние тука не можеме ништо да сториме, изјави премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање кои закони од Реформската агенда се планираат да се стават во собраниска процедура.

-Во Реформската агенда имаме носење на законот за енергетика и негово имплементирање. Тоа е еден чекор, од тие 12. Законот е донесен, усогласен со Канцеларијата на ЕУ, и донесен е во Парламент. Но не е ставен како направен чекор, затоа што не се донесени подзаконските акти. А подзаконските акти, според Европската енергетска заедница, за одредена група Грејс период од 9 мецеси, а за друга група 18 месеци. Така што, невозможно е ако требало сето ова да профункционира во јули 2025 година, бидејќи девет месеци за една група и 18 месеци, се веќе крајот на 2026 година. Така што имаме две опции. Или да го тргнеме овој чекор и да го поставиме декември 2026, или да го прифатиме делот на носење на законот за енергетика таков каков што е усогласен со ЕК, рече премиерот.

Вториот чекор, според него, е да влеземе во либерализација на пазарот за електрична енергија за домаќинствата, сите оние кои се на регулираниот пазар.

фото: Влада

-Тоа нема да го направиме од проста причина што ако тоа го направиме тогаш домаќинствата и сите оние коишто се на регулираниот пазар минимум ќе имаат 30  до 35 проценти поскапи сметки за електрична енергија. И тоа свесно нема да го направиме, рече тој на прес-конференција за доделување решенија за самовработување како дел од Оперативниот план за вработување.

Мицкоски рече дека третиот чекор е усогласување на Изборниот законик со забелешките на ОБСЕ и ОДИХР, посочувајќи дека тоа ќе го направиме, и не гледа причина зошто во рамките на Парламентот пратениците тоа да не го поддржат имајќи предвид дека тоа е реформски закон, поддржан од самата ЕК.

Во однос на законите за ЈО, за судови, за јавнобвинителска и судска служба, вели дека се подготвени да прифатиме што тие бараат.

-Главното нивното барање се однесува на вработување и унапредувања, да не зависи од мислење на Владата. Нема проблем, нема да зависи, туку тие да го изготват и да им го одобри судскиот или Советот на јавни обвинители. А Владата само да информира, во ред нема проблем тоа ќе го прифатиме. Во делот на буџет, ние ќе поставиме долна граница односно минимална вредност во буџетот на Обвинителството, и во буџетот на судовите, коишто секако ќе биде повисок од средниот, или од медијана буџетот што го имаат земјите-членки што ги покрива Советот на Европа. И тоа ќе го направиме, рече Мицкоски.

Додаде дека и новиот Закон за Судски совет поминал на владина седница и моментално се усогласува и се чека мислење од Канцеларијата на ЕК и очекува дека до крајот на декември ќе биде и тој поминат во рамките на Собранието.

За новите вработувања во Агенцијата за одземен имот, рече дека таму има одредена систематизација која што е направена пред години, па треба да се направи нова систематизација и врз основа на неа да се обезбедат согласности од страна на Министерството и буџет за тие нови вработувања. -И тоа ќе го направиме до крајот на оваа година, рече Мицкоски.

Тој говореше дека еден од чекорите е и изготвување план со којшто ќе се направат енергетски ефикасни три проценти од јавните згради.

-Моето прашање до ЕК беше три проценти од вкупниот број или три проценти од квадратурата, бидејќи ако имаме 100 такви објекти три проценти се три згради. Ако имаме милион квадрати коишто се содржани во јавните згради, тогаш три проценти е нешто повеќе. Ние на владина седница, го донесовме практично изгласавме информација од страна на Министерството за енергетика, која е изработена со експерт ангажиран од страна на ЕК, со којшто се утврдија приоритетите. Го задолживме МФ да обезбеди средства. МФ се обрати до Француската развојна агенција, и со тоа ние овој чекор го завршивме. Само треба да знаеме дали три проценти од вкупниот број згради или три проценти од квадратурата, па така планот ќе го усогласиме за следните три години и со тоа и тој чекор е завршен, рече тој.

Во однос на либерализацијата на железничкиот сообраќај, рече дека министерот за транспрот веќе работи на таа проблематика со Канцеларијата на ЕК и очекува и тој чекор да биде завршен до крајот на годината.

-Законот за Аудио – визуелни услуги е готов, но ние чекавме заедно со членовите коишто значат усогласување со „Roam at home“  – иницијативата од страна на ЕК, ќе ги спакуваме заедно и ќе ги доставиме до Парламентот. Тоа нема да се случи оваа година. И затоа министерот за дигитална трансформација доби насока ваков каков што, е а е усогласен со канцеларијата на ЕК, да го достави најпрвин на Влада, а потоа до Парламент. Така што очекувам и овој закон до крајот на годината да помине, рече Мицкоски.

Го спомена и барањето да се формира регистар на акционерски друштва и правни субјекти во коишто државата има некаков удел, без разлика дали е мнозински или малцински сопственик.

-Ние немаме таков закон. Ангажиравме експерти од Правниот факултет, законот е изработен, даден на увид во Министерството за европски прашања и во Министерството за економија и труд. Така што очекуваме од таму повратна информација, да го поминеме на Владина седница, и ќе го доставиме до Канцеларијата на ЕК. Очекувам и овој чекор да биде завршен до крај, одговори Мицкоски на новинарско прашање

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Биткоин ETF: Рекорден трговски волумен од 40 милијарди долари сигнализира институционален интерес
Следна Статија Наскоро ќе се знае цената на струјата што ЕСМ ќе ја понуди на тендер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Неетичко известување од српски медиуми и странски дописници за погребот на загинатите во Кочани

Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) и Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ реагираа на неетичко известување на…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Државниот обвинител треба да е бескомпромисен борец за почитување на законите и владеењето на правото

Бескомпромисен борец за почитување на законите, заколнат борец за владеењето на правото, некој кој ќе биде отпорен на партиски и…

December 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Денот на албанската азбука е потсетник за тоа како писменоста и образованието можат да бидат мостови меѓу луѓето

Денес, со почит се собираме заедно да го одбележиме Денот на албанската азбука – симбол на образованието, културното богатство и…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Учениците на зимски распуст, второто полугодие од 20 јануари

За учениците во основните и средните училишта почнува зимскиот распуст од учебната 2024-2025 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи…

December 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?