Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уставниот суд бескомпромисно ќе го чува и штити Уставот, порача Костадиновски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Уставниот суд бескомпромисно ќе го чува и штити Уставот, порача Костадиновски
МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд бескомпромисно ќе го чува и штити Уставот, порача Костадиновски

Објавено November 17, 2024 13:40
Сподели
Сподели

Денеска се одбележуваат 33 години од донесувањето на првиот Устав и по тој повод дозолете ми во мое лично име и во име на Уставниот суд да им честитам на сите граѓани.

„Со донесувањето на Уставот во 1991 година беше редизајнирано внатрешното уредување на системот и неговите институции и овој Устав го рефлектираше стремежот на тогашната генерација за слободна, суверена и самостојна Република“-соопшти д-р Дарко Костадиновски, претседател на Устевен Суд.

Со донесувањето на Уставот како највисок правен акт, се роди и надежта на граѓаните за подобар живот, демократска држава во која ќе владее правото.

Овој ден, 17 ноември нека биде потсетник на обврската на нашата генерација, на секој еден од нас да не ги изневери наследените надежи и да придонесува во градењето на правната држава, да се сочува системот на вредности кој е вграден во Уставот.

Сите ние имаме должност доследно да го применуваме и најважно, да му бидеме лојални на Уставот.

Денеска, упатувам апел до секој еден од нас дека силата на Уставот произлегува од одлучноста на секој граѓанин да застане зад него и да го брани.

Денешниот ден нека биде уште една потврда за граѓаните, да бидат сигурни дека Уставниот суд бескомпромисно ќе го чува и штити Уставот со сите негови вредности, ќе ја брани слободата, демократијата и правната држава.

Честит 17 ноември, Денот на нашиот Устав!“, – потенцира д-р Дарко Костадиновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Малолетници обиле багер во Капиштец, го придвижиле и удриле во паркирано возило
Следна Статија СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена е кривична пријава против едно лице

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител

Премиерот Христијан Мицкоски за Канал 5 вели дека обвинителката Ленче Ристоска не е кандидат што Владата го разгледува за функцијата…

February 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце

Поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци,…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Разрешен од позиција Сашо Дранго кој се сликаше со убиена мечка – „Македонија пат“ доби нов заменик директор

Сашо Дранго повеќе не е заменик директор на ЈП Македонија пат, а претпријатието веќе ја пополни неговата позиција. Се работи…

March 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

АРМ и НАТО подготвени: Борбени хеликоптери „APACHE“, тенкови Леопард и вооружување дел од големата мултинационална вежба на Криволак

Унапредување на регионалната безбедност, зајакнување на подготвеноста на НАТО како и поддршка на одбранбените планови на Алијансата е целта на…

May 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?