Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески
МАКЕДОНИЈА

Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески

Објавено February 6, 2025 15:35
Сподели
Сподели

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му определи мерка притвор во траење од 30 дена на поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи при Влада на РСМ, Пеце Мирчески.

-Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за определување мерки за обезбедување против едно лица поврзано со истрагата за Службата за општи и заеднички работи при Влада на РСМ, по произнесување на осомничениот во присуство на негов бранител и Јавниот обвинител, донесе решение со кое: Се прифаќа предлогот на Јавниот обвинител и на осомничениот П.М. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Можност да ја попречи истрагата со влијание врз сведоците, соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје.

Воедно, како што е наведено во соопштението, прифатен е предлогот за определување мерки за претпазливост против Г.П. согласно чл. 146 ст. т1,2,3 и 6 односно Одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, Забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, Обврска да се јавува во судот, Забрана за воспоставување комуникација со други лица поврзани со кривичното дело.

Од Судот посочуваат дека против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Државниот буџет оштетен за скоро два милиона евра, покажала ревизијата во Министерството за економија
Следна Статија Утре или в понеделник ќе бидат соопштени мерките што ќе ги преземе Владата за високите цени на основните прехранбени производи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Љутков: Новата пресметка на плати е најправилно решение, досегашниот начин на исплата е неодржлив

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева дека до утре до 16 часот ќе бидат исплатени платите за…

April 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес се празнува Светата маченичка Татијана

Светата маченичка Татијана е една од најпочитуваните христијански светителки и симбол на непоколеблива вера, храброст и пожртвуваност. Света Татијана живеела…

January 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод празникот Свети Сава

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска упати честитка до припадниците на српската заедница по повод празникот Свети Сава. Упатувајќи срдечни…

January 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

На Табановце се чека 40, а на Богородица 20 минути

Сообраќајот се одвива по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. Зголемена фреквенција на возила…

July 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?