Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Утре или в понеделник ќе бидат соопштени мерките што ќе ги преземе Владата за високите цени на основните прехранбени производи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Утре или в понеделник ќе бидат соопштени мерките што ќе ги преземе Владата за високите цени на основните прехранбени производи
ЕКОНОМИЈА

Утре или в понеделник ќе бидат соопштени мерките што ќе ги преземе Владата за високите цени на основните прехранбени производи

Објавено February 6, 2025 14:43
Сподели
Сподели

Утре или во понеделник Министерството за економија ќе соопшти какви мерки ќе преземе Владата во однос на поскапувањата на основните прехранбени производи поради кои граѓаните организираат бојкот на поголемите ланци маркети.

Како што соопшти денеска министерот за економија  Бесар Дурмиши, во понеделник ќе се одржи и средба со претставници на синдикатите, Организацијата на потрошувачите, Државниот завод за статистика, министерствата за финансии и за земјоделство, како и со претставници на сите останати релевантни институции околу новата методологија за пресметување на потрошувачката кошница.

-Легитимно е да има бојкот на маркетите, го разбирам организирањето на вакви активности зашто одредени субјекти на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат огромни приходи на грбот на граѓаните. Ова нема да го прифатиме и да го толерираме. Ќе ве известиме како ќе постапиме понатаму, подготвени сме да ги преземеме сите мерки што ни се на располагање за да ги спречиме овие незгодни ситуации, рече Дуримиши на брифинг со новинарите.

Утре или в понеделник Министерството за економија ќе соопшти какви мерки ќе преземе Владата во однос на поскапувањата на основните прехранбени производи поради кои граѓаните организираат бојк

Според него, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) до крајот на неделава треба да ги заврши шестмесечните контроли со кои се опфатени дистрибутерите, добавувачите, производителите и трговците.

-Течат контролите на дистрибутерите, добавувачите, производителите и трговците. Надзор се врши врз целокупниот процес, се контролира и колкава е маржата ставена од трговците за период од шест месеци, дали таму е чепкано и врз основа на тој извештај од Инспекторатот, како Влада ќе преземеме соодветни мерки, истакна министерот, додавајќи дека и ДПИ ќе излезе во јавноста со податоците.

Во однос на минималната плата, Дуримиши напомена дека Владата ја поддржува усогласената методологија усогласена и потпишана од двете страни, синдикатите и работодавачите.

-Ако синдикатите и работодавачите се усогласат за нова методоогија или за некои нови услови, нови пресметка, ние сме тука да ги поддржиме, потенцира министерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески
Следна Статија ПРВО ОПОМЕНА, ПА КАЗНА: „Безбеден град“ догодина комплетно во функција- период на адаптација од 6 месеци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пазар на акции: Nasdaq забележа пад; AMD се намалува по извештајот за заработувачка

Преглед на тековните движења на финансиските пазари и влијанието врз технолошкиот сектор

February 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Над 50 работници од конфекција останаа без работа и плата – сопствениците исчезнале додека биле на колективен

Повеќе од 50 работници од штипска конфекција денеска останаа пред заклучени врати, наместо да се вратат на работните места по…

August 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Оформени 50 предмети за случаи на нефер трговски практики

Комисијата за заштита од конкуренција (КЗК) има веќе оформено 50 предмети за примери за нефер трговски практики, изјави заменик-министерот за…

January 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

На скопскиот аеродром пристигна првиот чартер лет на „Фрибрд ерлајнс“ со 180 германски туристи

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, менаџментот на ТАВ и директорот на…

February 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?