Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа: Ова е историски ден, рамо до рамо со денот кога се прогласи независноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа: Ова е историски ден, рамо до рамо со денот кога се прогласи независноста
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа: Ова е историски ден, рамо до рамо со денот кога се прогласи независноста

Објавено January 30, 2026 19:12
Сподели
Сподели

Ова е историски ден, би рекол рамо до рамо со денот кога се прогласи независноста, изјави премиерот Христијан Мицкоски за затворањето на постмониторинг дијалогот на Македонија со Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).

 

– Тоа значи дека Македонија веќе не е опфатена со постмониторинг од страна на Советот на Европа. За разлика од нас, оние земји кои ги сметаат за фронтранери во регионот Црна Гора или Албанија, се се уште во мониторинг или се во постмониторинг. А само пред само три-четири месеци земја-членка на Европската Унија, како Бугарија излезе од тој постмониторигн, сега и ние излергуваме, рече Мицкоски.

За премиерот, ова значи само признание за нивото на демократија во државата и е демант за квалитетот на демократијата и слободата на говорот.

 

– Дел од вас бевте присутни пред неколку дена кога ми беше поставено прашање дали Владата влијае врз слободата на говорот? Ова е еден најголем демант, ова е најголемиот демант за квалитетот на демократијата во Македонија и слободата на говорот, владеењето на правото и сите процеси што ги мониторира Советот на Европа, потенцира Мицкоски.

 

За Мицкоски ова е само уште една добра вест, покрај онаа со којашто ЕУ го препозна проблемот со транспортерите.

 

-Благодарен сум на тимската работа, на сето она што го направивме, тоа е уште една добра вест покрај онаа со којашто ЕУ го препозна проблемот, би рекол не само со камионџиите, туку со друмските превозници, зборувам тука и за товарниот и за патничкит сообраќај, но во перидот што следи ќе има уште многу добри вести. Така што сите оние невистини, лаги, од страна на опозицијата коишто беа кажувани изминатиов период и злоупотребувани, полека се распрснуваат како меур од сапуница. Но и на оние нивни перјаници во медиумите, коишто ги засилуваат лагите во опозицијата, мислејќи дека на тој начин ќе ми наштетат мене, и на Владата, рече Мицкоски.

 

Тој повтори дека нема поголем демант од оној којшто дојде директно од Стразбур.

 

– Од Советот на Европа велат дека Македонија како држава е зрело демократско општество, владее правото, нема замолкнување на слободна новинарска мисла, се почитува слободата на говорот, и дека таа држава е зрела за понатаму навистина да ја гледаме како зрела демократија, за разлика од другите земји од Западен Балкан, коишто се сите или во постмониторинг или во мониторинг, додаде Мицкоски.

 

Вчера, во текот на јануарската сесија на ПССЕ, на која учествуваа пратениците Иванка Василевска, заменик-шеф, и членовите Беким Ќоку и Бисера Костадиновска-Стојчевска, беше изгласана резолуција за затворање на постмониторинг-дијалогот со земјава. Текстот на резолуцијата во име на мониторинг-комисијата беше изготвен од известителите Сибел Арслан од Швајцарија, од политичката група на социјалистите, и Џозеф О’Рајли од Ирска, од Европската народна партија.

 

Во текстот се наведува дека Парламентарното собрание го признава одржливиот напредок на Македонија во демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права и соработката со телата на Советот на Европа и ја признава политичката посветеност на властите за исполнување на обврските преземени при отворањето на постмониторинг-дијалогот во 2000 година. Врз основа на ова Собранието одлучи да го затвори постмониторинг-дијалогот со Македонија и да продолжи да ги следи случувањата преку својот механизам за редовен периодичен преглед.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопје добива „паметен зелен бран“ – изгласан буџет од 25 милиони денари
Следна Статија Се сруши стара куќа и смачка возила во Битола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Мицкоски: Големата доверба од граѓаните значи дополнителна мотивација за работа

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, денес во одговор на новинарско прашање во врска со анкетите, каде според бројките ВМРО-ДПМНЕ има…

March 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Судската забрана на штрајкот на ССКЛ е законска, вели адвокатот на М-НАВ

Наоѓањата на Граѓанскиот суд за забрана на штрајкот што на 20. месецов го најави Струковиот синдикат на контролори на летање…

October 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почнува јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

Во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври, денеска почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој трае 20 дена…

August 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра?!

Поранешниот премиер Никола Груевски вели дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над…

February 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?