Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ова е нашиот Крушевски манифест, светот го виде вистинското лице на Бугарија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Ова е нашиот Крушевски манифест, светот го виде вистинското лице на Бугарија
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова е нашиот Крушевски манифест, светот го виде вистинското лице на Бугарија

Објавено July 9, 2025 17:53
Сподели
Сподели

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната вонредна прес-конференција, истакна дека светот го видел вистинското лице на Бугарија и дека тоа е нивната агенда години наназад.

„Токму затоа и потсетувам на она признавање на Бугарија од 90та како прв сосед. Тоа поврзано со сите нивни активности и дејствија сите овие децении наназад, но и историски гледано во крајот на 19тиот и 20 век, нам ние јасен показател дека тие имаат јасна агенда и план и дека се водени од мислата да ја уништат македонската нација и идентитет. Скептиците ќе речат кому му е гајле што се разголени Бугарите кога успеаја во намерите, а европските политичари пред да го направат оној предлог биле свесни за тоа, за задните намери на Бугарија. Точно е тоа. Ние тоа го знаевме’’, потенцираше Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, напомена дека ова е Крушевскиот манифест, со кој што докажуваме дека сме на вистинската страна, а Бугарија низ историјата се докажа дека знае да ја одбере погрешната.

„Јас ќе одговорам, конечно и не треба никому да му биде гајле, туку треба нам да ни е грижа да види светот, да видат народите од светот, со какви предизвици и неправди се соочуваме како држава и народ во 21виот век, и да оставиме трага за вистината зад една битка на една генерација. Ова е нашиот крушевски манифест со кој конечно мора ние самите да се мобилизираме да ги збиеме редовите и да ги мобилизираме сите пријатели и сојузници, затоа што ова е борба за фундаментални, основни човекови права и вредности. И ние сме на вистинската страна од историјата. А Бугарија видовме низ историјата дека знае и да ја утне вистинската страна. И оваа борба ниту почнува ниту завршува денес’’, дециден е Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поплавите во Тексас однесоа 109 животи, над 160 лица се водат како исчезнати
Следна Статија Вајц: Предлозите за вметнување на македонскиот јазик и идентитет во Извештајот не беа грешка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јавното обвинителството контра ДУИ: Ниту еден обвинител не се повлече од истрагата за Кочани

Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната…

April 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Директорот на Центарот за култура во Штип и член на бендот на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани

Музичарот Филип Стевановски од Куманово и член на бендот на „ДНК“, загина во пожарот во Кочани. Стевановски беше продуцент, пијанист,…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски уште не е повикан во Обвинителството да даде исказ за прислушувањето и следењето

Премиерот Мицкоски се уште не е повикан да даде исказ во Обвинителството за скандалот со прислушувањето и следењето од страна…

September 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Само во Македонија: Со багер му срушиле дел од куќата додека спиеле

Несекојдневен инцидент се случил рано утринава во Штип, каде сопственик на семејна куќа пријавил дека дел од неговиот дом бил…

July 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?