Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за изјавата дека УЧК имале праведна војна: Не може убиства од заседа да се праведна борба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за изјавата дека УЧК имале праведна војна: Не може убиства од заседа да се праведна борба
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за изјавата дека УЧК имале праведна војна: Не може убиства од заседа да се праведна борба

Објавено August 11, 2025 17:44
Сподели
Сподели

Не може да биде разумна и праведна војната во која кукавички, од заседа, се убиени припадници на безбедносните сили, изјави премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја изјавата на неговиот коалициски партнер од ВРЕДИ, Изет Меџити дека војната на УЧК била „праведна, разумна и чиста“.

Одговарајќи на новинарски прашања, претседателот на Владата ги повика, како што рече, сите разумни политичари да се воздржат и да не се враќаат на теми што се затворени, да не ја следат политиката на поделби на ДУИ, туку да се фокусираат на теми од иднината.

-Ја слушнав таа изјава и тука апсолутно имаме различни гледишта на работите. Не може да биде разумна и праведна. Не може некој кој од заседа кукавички одземал животи и убивал припадници на министерствата за внатрешни работи и за одбрана, тоа не може да биде праведна и чесна војна, барем не во Мекедонија, не коментирам за соседството. Но, тоа се теми кои се дел од минатото, затворени со Рамковниот договор, а со последните законски измени, конкретно Законот за правична застапеност кој е во Венцијанската комсиија, тој е затворен, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека во фокусот на Владата е иднината, а не минатото, и повика „разумните политичари“ да гледаат напред, а не назад.

-Нашиот фокус како Влада е иднината, тоа е она што ние сакаме да го видиме. Ова се теми затворени и јас апалирам до сите разумни политичари, да не играат на картата на ДУИ и на оние коишто сакаат да нè вратат 25 години назад. Да гледаме напред, да носиме инвестиции, да направиме поубаво место за живеење за сите граѓани. Тоа е суштината и оската околу која ние треба да се обединиме. Да ги оставиме политичарите кои делеа во минатото, тие немаат тема на иднината, тие не знаат што е иднина, заглавени се во сопствената матрица на минатото. Единствената порака што доаѓа од Демократската унија за интеграција во 14-15 месеци опозиција, заедно со новите коалициски партрнери СДСМ и Левица, е токму тоа – поделба. Затоа, апелирам до сите да се воздржиме од какви било теми коишто нè враќаат назад во минатото, да гледаме кон теми во иднината, порача Мицкоски.

Вицепремиерот и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, во објава на социјалните мрежи пред три дена истакнал дека „Војната на УЧК во Косово, во Прешево и во Македонија беше праведна, разумна и чиста“, изразувајќи поддршка на протест што се одржал во Приштина организиран од Здружението на воени ветерани на паравоените УЧК и ОВК.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот на Тошковски и да ја прошири истрагата, бара СДСМ
Следна Статија МЗ: Констатирани се неправилности во работата на Стоматолошката комора

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од Давос: Македонија ја зајакнува енергетската инфраструктура, се развиваат проекти за производство на електрична енергија

Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен…

January 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Деспотовски демантира дека е приведен

Екс директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски попладнево ги демантира објавите дека е приведен. „Во врска со информациите кои се појавија…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Приватните превозници од понеделник се вклучуваат во сообраќај, но не со целиот капацитет

Од понеделник во јавниот градски превоз се вклучуваат и приватните превозници, но не со целиот капацитет. Нивни претставници денеска изјавија…

November 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО)Томас Вајц: Интервјуто за бугарската телевизија е старо, Македонија забележува напредок

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц во изјава за Телевизија Канал 5 вели дека интервјуто дадено за бугарска…

April 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?