Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МЗ: Констатирани се неправилности во работата на Стоматолошката комора
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > МЗ: Констатирани се неправилности во работата на Стоматолошката комора
ЗДРАВЈЕ

МЗ: Констатирани се неправилности во работата на Стоматолошката комора

Објавено August 11, 2025 17:44
Сподели
Сподели

Во врска со денешната прес-конференција на Стоматолошката комора, Министерството за здравство уште еднаш потенцира дека одлуката е донесена врз основа на факти, аргументи и инклузивност во процесот на сите релевантни чинители. Одлуката е резултат на подолготрајна и сеопфатна анализа од повеќе стручни лица, се наведува во денешното соопштение на Министерството за здравство.

– Потсетуваме дека на овој процес претходеше времена мерка изречена од Уставен суд, а потоа и конечна одлука од истата институција со која се запира извршувањето на поединечните акти и дејствија, а дополнително покрај времената мерка, Комората продолжила со континуираната едукација. Паралелно, во прилог на оваа одлука е и извештајот од Државната комисија за спречување на корупција, пишува во соопштението.

Министерството за здравство, како што се додава, за оваа цел имаше формирано две комисии за надзор над законитоста на работата на Комората и „во двата случаи се констатирани неправилности на кои е укажано со законски рок за отстранување на истите, но, во законските рокови не е постапено од страна на Стоматолошката комора“.

– Потенцираме дека по извршениот надзор на првата комисија, формирана во 2024 година, воопшто не е постапено по препораките, односно во целост се неточни тврдењата дека комисиите „немаат утврдени неправилности во кој било сегмент од работењето во Комората“, додека втората комисија веќе дава јасни насоки до МЗ за утврдените неправилности, недостатоци и предлог за дејствија што треба да се преземат, истакнуваат од Министерството за здравство.

Врз основа на утврдената фактичка состојба, како што се додава, по разгледување на содржината на извештаите и доставената документација како и одлуката од Уставен суд од 15.05.2024, „министерот одлучи времено да ги преземе надлежностите за лиценцирање, сè додека не воспоставиме систем кој ќе работи законито, транспарентно и професионално“.

Mинистерот Азир Алиу во саботата информираше дека Министерството за здравство ги презема надлежностите за лиценцирање на Стоматолошката комора.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за изјавата дека УЧК имале праведна војна: Не може убиства од заседа да се праведна борба
Следна Статија (ВИДЕО) Лефков: Чија е јахтата на која плови Филипче со Заев, колку чини и на кој начин е купена?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Откриени се антибиотици против гонереја и супербактеријата МРСА, помогнала вештачката интелигенција

Истражувачите од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) развија два нови потенцијални антибиотици користејќи вештачка интелигенција (ВИ). Лековите се насочени кон…

August 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Сите пациенти ја добиваат потребната терапија, достапни се лековите за третман на Онкологија

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за…

June 30, 2025
ЗДРАВЈЕ

Руска вакцина против рак подготвена за употреба

Руската вакцина против рак успешно ги помина претклиничките испитувања и е подготвена за употреба по добивањето лиценца, објави Вероника Скворцова,…

September 7, 2025
ЗДРАВЈЕ

Неопходно е подигнување на свесноста за превенција од рак на дојка

Подигнувањето на свесноста за превенција од рак на дојка е целта на настанот „Појадок со ХЕМА-ОНКО“ и хуманитарниот базар што…

October 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?