Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за интерпелациите на членови на Судскиот совет: Тие тотално го изгубија кредибилитетот пред граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за интерпелациите на членови на Судскиот совет: Тие тотално го изгубија кредибилитетот пред граѓаните
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за интерпелациите на членови на Судскиот совет: Тие тотално го изгубија кредибилитетот пред граѓаните

Објавено March 5, 2025 12:40
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски очекува да бидат изгласани интерпелациите за петтемина членови на Судскиот совет во Собранието, најверојатно на седница во вторник, 11 март, кои ги поднесе владејачкото мнозинство со потписи од 67 пратеници.

Прашан за очекувањата од исходот на седницата на која ќе се расправа за отповикување од членовите во Судскиот совет избрани од Собранието – Весна Дамева, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа и Селим Адеми, Мицкоски одговори: „зар треба коментар на тоа што треба да правиме – се знае“.

Тие тотално го изгубија кредибилитетот пред граѓаните и треба да биде изгласана таа интерпелација и на нивно место да дојдат луѓе кои ќе бидат вистински заштитници на правдата. Бидејќи излегува дека поединци судии и обвинители се последниот штит на поранешната владина коалиција СДСМ и ДУИ, изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по работната посета на скопско Марино.

На прашање дали Владата го пратила предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски до Основното јавно обвинителство, премиерот одговори дека писмото за смена на државниот јавен обвинител е пратено и смета дека „треба да е веќе пристигнато“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сведок од СВР Велес потврди дека пиштолот на Видевски не е најден
Следна Статија Мицкоски: Ќе се примаат 300 професионални војници, сите млади луѓе коишто сакаат да се вклучат во одбранбено-безбедносниот систем ги повикувам да се пријават

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова на средба со чешкиот премиер Петр Фиала: ЕУ мора да биде јасна за проширувањето

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на учеството на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, оствари средба со премиерот…

November 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Национални шуми превентивно расчистуваат терени и прават обрачи против пожари

Вработените во Јавното претпријатие „Национални шуми“ активно расчистуваат шумски терени и поставуваат заштитни обрачи со механизација, во обид да се…

May 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Сакаме да бидеме членки на ЕУ, но не по секоја цена

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во „Само Интервју“ на телевизија Канал 5, се осврна околу блокадите од страна на Бугарија…

July 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува во дводневна официјална посета на Црна Гора. Сиљановска Давкова, денеска во Цетиње, со…

November 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?