Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Учебници ќе има по сите предмети и во основното и во средното образование
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Учебници ќе има по сите предмети и во основното и во средното образование
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Учебници ќе има по сите предмети и во основното и во средното образование

Објавено August 30, 2025 17:28
Сподели
Сподели

Учебници ќе има за сите ученици во основните и во средните училишта. Најголем дел од нив, 90 проценти се веќе доставени во училиштата додека останатите 10 проценти ќе бидат доставени во првата недела од учебната година, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Јаневска, која денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски беше во Кавадарци, смета дека темата со тоа дали ќе има или нема да има учебници од оваа година треба да биде затворена.

-Оваа година на големо задоволство на Владата, но на поголемо задоволство на учениците, учителите, наставниците, родителите… ќе има учебници по сите предмети од прво до деветто одделение и од први до четврти клас за сите ученици. Во средното стручно лани имавме стотина печатени, оваа година имаме педесетина печатени нови наслови и дополнително педесетина поставени на веб-страниците за да можат учениците да учат. Јас на оваа тема оваа година би и ставила крај, рече Јаневска.

Учебници ќе има и за странските јазици за сите одделенија.

– Иако во изминатите седум години имаше проблеми со учебници, па не можеа на никој начин да обезбедат странски учебници, странски учебници ќе има по сите јазици за сите ученици. Со волјата, со упорна работа, со макотрпна работа, со еден многу комплициран процес, со нов закон, со ново системско решение, со каталошки цени ние покажавме дека може и оттука натаму од следната година дискусија за имање, немање учебници нема потреба веќе да има затоа што во 21 век да дискутираме дали има или нема учебници е срамота. Срамот не е наш, срамот е на претходните кои го раководеле овој сектор, и на претнходната Влада. Од сега натаму мислам дека ова прашање е затворено, рече Јаневска.

Министерката за образование посочи дека најголем број, односно 90 проценти од учебниците се доставени, а околку 10 проценти ќе се достават во првата недела од учебната година.

– И денеска се доставуваат учебници. Најверојатно ќе има учебници што ќе се достават и во првата недела на учебната година. Меѓутоа тоа е затворено прашање. Секаде ќе стигнат. И во најодалеченото место. И 30 и 50 километри, планински училишта, до сите подрачни училишта, рече Јаневска.

Во понеделник на 1 септември почнува новата учебна година за сите основци и средношколци во земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Видра снимена на брегот на Охридско Езеро кај Љубаништа
Следна Статија (ВИДЕО) На кислородна поддршка завршија дел од полицајците кои гасеа пожар кај СЦ Борис Трајковски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски ги повикува скопјани на плоштадот „Македонија“: Заедно да го осветлиме градот

Посебна атмосфера, богата програма со забава, музика, многу подароци и изненадувања за сите генерации, најавува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој ги…

December 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Присуството на Мицкоски на инаугурацијата на Трамп е успех за македонската дипломатија, за актуелното политичко раководство и за Maкедонија

Во вчерашното гостување во емисијата „За или Против“ на телевизија Алфа пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски истакна дека…

January 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните најмногу се жалеле за пасошите, информира Народниот правобранител за 2024

Најголемиот број поднесени претставки до Народниот правобранител минатата година (408 или 15,08 проценти) биле од областа на граѓанските состојби, каде…

April 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Протестен марш во Кочани: Алчноста ни ги уби децата

Семејствата на загинатите и роднините на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по трет пат организираа…

April 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?