Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за кочанската трагедија: И јас сум гневен поради пропустите на системот, но има и глодари кои сакаа да ја злоупотребат несреќата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за кочанската трагедија: И јас сум гневен поради пропустите на системот, но има и глодари кои сакаа да ја злоупотребат несреќата
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за кочанската трагедија: И јас сум гневен поради пропустите на системот, но има и глодари кои сакаа да ја злоупотребат несреќата

Објавено April 3, 2025 19:11
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „За или против“ на Алфа телевизија говорејќи за трагедијата во Кочани, истакна дека и тој како сите останати е гневен за сите пропусти на системот изминативе години, но посочи дека има една група на глодари кои се обидоа да ја злоупотребат несреќата за политички да профитираат и на истите им порача дека ќе бидат поразени.

Премиерот Мицкоски посочи дека логично е да има такви кои ќе се обидуваат силна влада да ја дестабилизираат и тука има две методологии, едната е со силна и жестока масовна акција од почеток до крај да се канализира таа енергија за да се урне владата, и втората е вака во одредени бранови да се нанесува штета преку лажни пораки, преку конструкции, измислици.

„За првиот метод нема енергија и тоа им е јасно на тие кои се сценаристи за сето ова, за вториот да се обидуваат на бранови да нанесуваат штета, овие структури се обидуваат тоа да го прават. Тие се свесни дека сега во бран не можат ништо да направат, но на ваков начин се обидуваат да го намалат кредибилитетот на владата и владините политики“.

Премиерот Мицкоски појасни дека затоа одредена група ги нарекол глодари.

„Тие сега го користат гневот на народот, за кој јас кажав дека сочувствувам, и јас сум гневен како и вие, како и многумина поради сите оние системски слабости кои се случувале децении назад и тука нема дилема и како што беа 99% од луѓето кои излегоа прво да изразат сочувство, а второ и да на еден емотивен начин го покажат својот гнев и револт за се што се случувало децении наназад. Сега има мала група глодари кои се обидоа од тоа да направат политички поени и да привлечат внимание кон себе“, нагласи премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека тоа не успеа тоа затоа што не е природно, доколку е природно и произлегува од структурата тоа ќе успее.

„Но, ова не е природно, но нивната насока е малку по малку, сега ова, утре ќе чекаат друга несреќа и трагедија да се појават тие глодари и повторно да се обидат на некаков револт и протест да печалат поени. Тоа е реалноста во политиката и ние како влада треба да направиме се што е во наша моќ да испорачуваме. Тие се неутрализираат само со испорака, кога вие работите, кога сте присутни само така ќе ги можете да ги уништите трајно“, изјави премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче по средбата со Мицкоски: Ќе формираме работни групи за реформската агенда во правосудството, енергетиката и здравството
Следна Статија Што велат економистите- Како ќе влијаат американските царини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

До понеделник променливо облачно со дожд, од вторник стабилизирање на времето

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд…

November 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гаши е во стабилна состојба: Со болки во стомакот бил хоспитализиран, не му е закажана операција

Министерството за здравство информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба. -Тој околу полноќ бил хоспитализиран…

July 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Затвореници ќе ја пошумуваат Македонија, ќе бидат ангажирани во „Македонски шуми“

Затворениците ќе бидат вклучени во акции за пошумувања кои ќе се случуваат од идната година. Ова е заклучокот од средбата…

February 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дурмиши им ја нуди Попова Шапка на Саудијците

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, денеска во Сараево, имал средба со Абдулазиз Алсакран, заменик-гувернер за меѓународни односи при…

May 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?