Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Имаме над 27 проценти повеќе откупени земјоделски производи споредено со истиот период лани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Имаме над 27 проценти повеќе откупени земјоделски производи споредено со истиот период лани
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Имаме над 27 проценти повеќе откупени земјоделски производи споредено со истиот период лани

Објавено August 29, 2025 13:22
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од откупот на земјоделски производи, кој како што истакна постојано се зголемува, бидејќи колку повеќе се произведува помалку ќе се увезува. Порастот на откупот, според него, исто така, е и показател на тоа дека за оваа Влада земјоделците се приоритет.

-Многу сум задоволен од откупот на земјоделски производи. Зошто? Затоа што во вториот квартал имаме околу 60-тина милиони евра повеќе споредено со она што беше во минатото. Имаме над 26 – 27 проценти повеќе откупени земјоделски производи споредено со истиот период минатата година, кои што како количина се за седум отсто повеќе споредено со истиот период минатата година, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали е задоволен од извештајот на Државниот завод за статистика за откуп на земјоделски производи по увидот во градежни активности на државниот пат А2, обиколница „Крива Паланка“.

Земјоделците, додаде тој, се еден од приоритетите на оваа Влада.

-Тоа го покажавме изминатите 14 месеци, веќе е 15-тиот месец како што сме избрани како Влада и во таа насочка очекувам да продолжиме и во иднина, затоа што производството на храна ни е исклучително важно, бидејќи колку повеќе произведуваме, толку помалку увезуваме, рече премиерот.

Македонија, нагласи тој, во минатото беше позната како земја производител и извозник на храна, особено на земјоделски производи, така и ќе продолжиме во иднина, главен фокус во нашиот периметар да бидат земјодејците.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фенербахче му врачи отказ на Жозе Мурињо
Следна Статија Три куршуми во плик до Дачиќ: полицијата го откри испраќачот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Просекот на поминување по пругата сега е 12 часа, затоа ни е потребна изградба на нова, брза пруга

Има физибилити студија за брзата пруга од Коридорот 10 и таа е испратена до финансиските институции, изјави вечерва вицепремиерот и…

June 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат горивата од полноќ

Поевтинуваат горивата од полноќ со новата одлука на РКЕ. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени…

March 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Фирми за токенизација ги одбиваат тврдењата на Coinbase за криптографскиот законски предлог

Додека Coinbase тврди дека предлог-законот за структура на криптопазарот ќе забрани токенизирани хартии од вредност, компаниите во таа област велат…

January 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

(ВО ЖИВО) Премиерот Мицкоски денеска во Костал, трета инвестициска фаза од 40-45 милиони евра и 250 вработувања

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија…

November 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?