Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Просекот на поминување по пругата сега е 12 часа, затоа ни е потребна изградба на нова, брза пруга
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Просекот на поминување по пругата сега е 12 часа, затоа ни е потребна изградба на нова, брза пруга
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Просекот на поминување по пругата сега е 12 часа, затоа ни е потребна изградба на нова, брза пруга

Објавено June 20, 2025 09:01
Сподели
Сподели

Има физибилити студија за брзата пруга од Коридорот 10 и таа е испратена до финансиските институции, изјави вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Николоски е уверен дека државава ќе го има најдобрите услови за финансирање за брзата пруга. Очекува финансирањето да биде прецизирано до средината на јули по што ќе се влезе во селекција и уверува дека ќе биде избрана најдобрата понуда. Притоа, како што посочува, ќе се бара да биде заедничко проектирањето и изведбата и да има фиксен рок за изградба, односно пет години.

Во интервју за Канал 5 телевизија Николоски оцени дека ова е голема шанса и предизвик за домашните градежни комапнии кои доколку се подготвени можат 100 проценти да го завршат градежните активности. За скоро време најавува формални средби со стопанските комори на кои ќе се разговара на оваа тема.

Во однос на трасата, вели дека нема никаква опасност за објектите од А категорија како што се браните и хидроцентралите.

– Кога се проектира мора да бидат одбегнати објектите од А категорија, а браните се секогаш од А категорија што значи дека нема да бидат загрозени овие објекти, рече Николоски.

Смета дека изградбата на брзата пруга е еден од приоритетите затоа што сега на стопанствениците им се потребни понекогаш и денови за да ја превезат стоката.

– Заради состојбата на пругата, на голем дел од неа се вози со 20 до 30 километри на час и просекот на поминување е 12 часа. Кога тоа ќе го помножите со фреквенцијата односно ако има две композиции, тогаш третата ќе мора да чека, посочи Николоски кој прецизно објасни дека според сите пресметки, дури и транспортот се наплатува по половина цена од таа која важи во ЕУ (ние да наплаќаме по едно евро од км, наместо по две евра колку што се наплатува во ЕУ), ќе се заработуваат 120 милиони евра годишно.

Вели дека има јасна заложба и од грчка и од српска страна за изградба на оваа пруга од Коридорот 10 на нивна територија.

Во однос на договорот потпишан со Велика Британија, Николоски повтори дека се работи за многу важен договор со голема веле сила од кој бенефитот не се само инфраструктурните проекти, туку и обуките за нашата администрација, споделувањето на практики во делот на науката…

Покрај договорот за инфраструктурни проекти што беше потпишан во Лондон, во текот на октомври се очекува премиерите на Македонија и на Велика Британија во Лондон да го потшишат и договорот за стратешко партнерство.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Завршни зборови утре ќе дава Јовица Страшевски
Следна Статија Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Над 400 учесници и повеќе од 250 компании на вториот Германско-македонски бизнис самит

AHK Македонија, дел од глобалната мрежа на германските стопански комори во странство – денеска заедно со Македонско-Германското стопанско здружение го…

May 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Извозот зголемен за 1,8 отсто: Најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари – август 2025 година изнесува 325 133,2 милиони денари…

October 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски го отвори Виена економскиот форум

Ја имав честа да го отворам Виена економскиот форум, објави на социјалната мрежа на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт…

November 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со ИФЦ по повод проектот за дигитални финансии

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заедно со вицегувернерката Емилија Нацевска, остварија средба со претставници на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ)…

December 16, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?