Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Имаме над 27 проценти повеќе откупени земјоделски производи споредено со истиот период лани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Имаме над 27 проценти повеќе откупени земјоделски производи споредено со истиот период лани
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Имаме над 27 проценти повеќе откупени земјоделски производи споредено со истиот период лани

Објавено August 29, 2025 13:22
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од откупот на земјоделски производи, кој како што истакна постојано се зголемува, бидејќи колку повеќе се произведува помалку ќе се увезува. Порастот на откупот, според него, исто така, е и показател на тоа дека за оваа Влада земјоделците се приоритет.

-Многу сум задоволен од откупот на земјоделски производи. Зошто? Затоа што во вториот квартал имаме околу 60-тина милиони евра повеќе споредено со она што беше во минатото. Имаме над 26 – 27 проценти повеќе откупени земјоделски производи споредено со истиот период минатата година, кои што како количина се за седум отсто повеќе споредено со истиот период минатата година, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали е задоволен од извештајот на Државниот завод за статистика за откуп на земјоделски производи по увидот во градежни активности на државниот пат А2, обиколница „Крива Паланка“.

Земјоделците, додаде тој, се еден од приоритетите на оваа Влада.

-Тоа го покажавме изминатите 14 месеци, веќе е 15-тиот месец како што сме избрани како Влада и во таа насочка очекувам да продолжиме и во иднина, затоа што производството на храна ни е исклучително важно, бидејќи колку повеќе произведуваме, толку помалку увезуваме, рече премиерот.

Македонија, нагласи тој, во минатото беше позната како земја производител и извозник на храна, особено на земјоделски производи, така и ќе продолжиме во иднина, главен фокус во нашиот периметар да бидат земјодејците.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фенербахче му врачи отказ на Жозе Мурињо
Следна Статија Три куршуми во плик до Дачиќ: полицијата го откри испраќачот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Македонија ќе ги укинува царините за стоките од САД

Владата предложи да се укинат царините за стоките од САД. Со Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за Царинска…

June 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Уште еден месец за исплата на К-15, казните за работодавците до 3.000 евра

Компаниите и јавниот сектор до крајот на месецов имаат обврска да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени.…

December 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Од 1 март започнува примена на засилена автентикација при електронски плаќања

Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека согласно Законот за платежни услуги и платни системи, со кој во националното законодавство…

February 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Истече рокот за поднесување и плаќање на ДДВ обврските за третиот квартал

Управата за јавни приходи ја информира дека заклучно со 27 октомври 2025 година, кога истече законскиот рок за поднесување на…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?