Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Македонија ќе биде меѓу првите пет најбрзо растечки економии во Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Македонија ќе биде меѓу првите пет најбрзо растечки економии во Европа
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Македонија ќе биде меѓу првите пет најбрзо растечки економии во Европа

Објавено January 7, 2025 17:00
Сподели
Сподели

Македонија ќе биде 5-та земја во Европа според економскиот раст годинава – ова се очекувањата на премиерот Мицкоски за 2025-та. Тој оптимизмот го темели на најавените странски инвестиции, растот на извозот и потрошувачката, домашните вложувања. Последните податоци упатувале на тоа дека странските инвестиции го достигнале посакуваното ниво од една милијарда евра, а тој очекува овој износ да се надмине годинава.

„Најголемиот дел од тие инвестиции се во напредната технологија и чувствувам дека мораме да привлекуваме инвестиции коишто можеби не се толку поврзани со автомобилската индустрија така што една од овие инвестиции е напредна технологија, повеќе од 350 милиони евра е инвестицијата“ – вели Мицкоски.

Во моментов Владата преговара со 15 странски инвеститори кои се заинтересирани да го прошират својот бизнис во Македонија. Освен изградбата на ветерниот парк во општините Радовиш, Штип и Карбинци, има и компанија која сака да гради гасна централа. Мицкоски вели дека овие инвестиции треба да придонесат за намалување на загадувањето, но поради изградбата на топловодната мрежа, за тоа ќе се почека неколку години.

„Во периодот од ноември до март да го смениме системот на затоплување на домовите, односно помалку фосилно гориво, повеќе еколошки горива., меѓу кои и централното греење. За тоа да се случи потребнмо е да се изградат гасни централи. Ние работиме. Еден од инвеститорите, од овие 15, е таков што е заинтересиран да изгради такви гасни централи, но за тоа ќе треба време, најмалку две до три години за да сето тоа профункционира. За да се изградат топловоди може и повеќе, 5 до 6 години“ – вели Мицкоски.

Владата само во втората половина од минатата година донесе 8 странски инвеститори во земјава, кои треба да вработат 2.800 луѓе. Освен изградбата на ветерници на „Алказар енерџи“, инвестицијата на „Епсотех“ е за изградба на истражувачки центар во вредност од 20 милиони евра и нови 110 вработувања. Американскиот Вабтек кој веќе е присутен во земјава ќе произведува сопирачки за шински возила. Германската компанија „BMZ Group“ ќе произведува батерии во капацитет кој чини 65 милиони евра. Се потпишаа и два договори за инвестициите на „Брејнчајд“. Германската „Костал“ отвора нов погон од 50 милиони евра и нови 250 вработувања. „АД БАУ Интернационал“ ќе вложи 7 милиони евра. Во зоната во Кичево пак фирмата „Avesta“ ќе вложи 40 милиони евра и ќе вработи 600 луѓе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хороскопските знаци кои никогаш нема да се извинат дури и кога згрешиле
Следна Статија Ова се најпосетувани градови од туристи во 2024 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Очекувам крајот на оваа и почетокот на следната недела да излеземе со конечна позиција за каматите и да тргне оваа работа, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски очекува крајот на оваа или почетокот на следната недела конечно да бидат прецизираат условите во однос на…

November 19, 2024
ЕКОНОМИЈА

Истекува рокот за проверка и потврда на ГДП пријавите за остварените приходи за 2024 година

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на годишната даночна пријава за…

May 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цените во Охрид летнаа до плафон: Еве колку чини еспресо, салата, пица…

Со почетокот на летната сезона во Охрид, повторно се појавија реакции од туристите за високите цени во кафулињата и рестораните…

June 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Каматата на кредитите во ноември 4,80 проценти, на депозитите 2,18

Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во ноември 2025 година, забележа месечен и годишен пад од 0,02 процентни поени (п.п.)…

December 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?