Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Има над 80 кривични пријави во фиоките на обвинителството, а за кои клучот е некаде на Бихаќка, СДСМ нема да се толку гласни кога ќе се соочат со законот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Има над 80 кривични пријави во фиоките на обвинителството, а за кои клучот е некаде на Бихаќка, СДСМ нема да се толку гласни кога ќе се соочат со законот
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Има над 80 кривични пријави во фиоките на обвинителството, а за кои клучот е некаде на Бихаќка, СДСМ нема да се толку гласни кога ќе се соочат со законот

Објавено October 9, 2025 08:21
Сподели
Сподели

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во општина Бутел, во рамки на изборната кампања 2025 година, за претстојните локални избори, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“. Мицкоски зборуваше на темата за правосудниот систем во земјава и истакна дека иако постојат над 80 пријави кои се заглавени во судските и обвинителските лавиринти, тој ќе се посвети на нив по локалните избори. Мицкоски најави ресетирање на системот, кој нема да биде реванш, туку ќе значи одговорност и правда. Како што вели тој, процесот на прочистување на политичкото мочуриште ќе зависи исклучиво од законот и уставот, а од правдата нема бегство.

,,Ги слушам лажните храбрења на Филипче, зад кои убеден сум дека стои само стравот од соочување со одговорност. Тоа се изјавите: „Еве, година и пол помина од Владата, а никој не одговара и никој не се плаши.“ Вистината е дека има над 80 пријави кои седат во фиоките на обвинителството, а клучот на тие фиоки седи некаде на „Бихаќка“, кажа Мицкоски.

Мицкоски најави ресет на целиот систем и длабоки реформи по локалните избори, а додаде и дека ресетот нема да биде реванш туку одговорност и правда онаму каде што до сега нема.

,,Тој клуч ќе се добие и ќе се отвори по овие избори, а јас најавувам ресет на системот и длабоки реформи. Нема да има конечна правда додека законот не ги допре и тие во судството и обвинителството. Со оваа тема посебно и лично ќе се занимавам веднаш по изборите. И правдата ќе ги допре сите оние што сега се удираат во гради. Верувајте, потоа кога ќе бидат соочени со законот, нема да бидат ниту толку храбри ниту толку гласни, затоа што ресетот на системот нема да биде реванш, туку одговорност и правда таму каде што досега не завладеала“ рече Мицкоски и додаде:

,,Мора да има катарза на тоа политичко мочуриште, чиј процес на прочистување нема да зависи од нечија политичка волја, туку единствено од законот и Уставот. Од правдата нема бегство“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче до Димитриевски: Со предавници на социјадемократската идеја не дебатирам
Следна Статија Историски момент за македонскиот моторспорт: Иџе дебитира на EuroNASCAR!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче за новиот гувернер: Славески нема да биде независен

Трајко Славески, како гувернер на Народната банка, нема да биде независен и нема да води вистинска и балансирана монетарна политика.…

May 22, 2025
ПОЛИТИКА

ИО на СДСМ донесе одлука за исклучување на Петре Шилегов

Извршниот одбор на СДСМ денеска донесе одлука и иницираше постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството на СДСМ. Шилегов…

March 16, 2026
ПОЛИТИКА

Зајкова: ЛДП не ја напушта коалицијата со СДСМ, но делува независно

Претседателката на ЛДП, демантира дека партијата ќе ја напушти коалицијата со СДСМ. Засега нема ништо ново. Како пратеник останувам да…

October 30, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Кандидатот за градоначалник за Скопје ќе се знае во јули, а со ЗНАМ се преговара

Претседателот на Владата и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски не открива сè уште кој ќе биде кандидат за градоначалник…

June 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?