Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката за електрична енергија за над 20 илјади домаќинства и заштита на животната средина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Мицкоски: Инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката за електрична енергија за над 20 илјади домаќинства и заштита на животната средина
Blog

Мицкоски: Инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката за електрична енергија за над 20 илјади домаќинства и заштита на животната средина

Објавено February 11, 2025 13:20
Сподели
Сподели

Вложувањата во енергетиката се приоритет и од капитално значење. Денес и формално го означуваме почетокот на еден процес кој значи изградба на два енергетски суштински проекти во енергетскиот сектор, изјави Христијан Мицкоски претседател на Владата на РМ.

„Втора фаза од ветерниот парк Богданци, како и изградба на фотонапонската централа Битола 2.

За таа цел денес се случи потпишување на договор помеѓу АД ЕСМ и КфВ развојната банка наменет за изградба на двата нови капацитети за производство на обновлива енергија.

Инвестицијата е вредна 55 милиони евра од кои 47.3 милиони евра се за фотонапонската електрана Битола 2, додека ветерниот парк Богданци – Фаза 2, инвестицијата е 7,7 милиони евра.

Битола 2 ќе се гради во рамките на РЕК Битола и ќе има инсталиран капацитет од 50-60 MW. Се очекува оваа електроцентрала да произведува околу 80-90 GWh електрична енергија годишно, се разбира зависи тоа од сончевата радијација, што е доволно за отприлика 20 илјади домаќинства.

Повторувам, ќе се произведува електрична енергија за околу 20.000 домаќинства, со што ќе се намали емисијата на јаглерод диоксид за 63.000 тони годишно.

Со втората фаза од изградбата на ветерниот парк Богданци е предвидено изградба на дополнителни четири ветерни турбини, со што инсталираната моќност ќе биде зголемена за дополнителни 13,6 MW, а вкупната инсталирана моќност ќе се зголеми на првиот дел од проектот и овој вториот дел вкупно ќе биде повеќе од 50 MW, обезбедувајќи дополнително годишно производство од 37 GWh, зелена енергија.

Благодарност до банката и германските партнери за поддршката и нивната помош, додаде во изјавата.

„На овој начин се бориме за поголема енергетска независност и поголема ефикасност. Ако во минатото и од минатите влади енергетиката беше поле за криминал и корупција, за нас ова е поле каде треба да ги засукаме ракавите, жестоко да работиме, затоа што преку енергетиката се гради и нашата заедничка иднина.

Инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката за електрична енергија за повеќе од 20 илјади домаќинства и заштита на животната средина.

На овој начин државата се грижи за секој еден од вас“, посочи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Државен завод за ревизија: Централен регистар ги лажирале финансиските извештаи за 2023 година!
Следна Статија Јаневска: Преку мобилна апликација родителите ќе имаат едноставен увид во образовниот напредок на нивните деца

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Довидување, ‘Halo Infinite’ (2021-2025)

Без оглед на предизвиците и тешкиот почеток, 'Halo Infinite' порасна во нешто добро со текот на времето

November 20, 2025
Blog

Ардиан го презема Акуо, главен играч во обновливите извори на енергија

Ардиан, една од водечките светски компании со приватен капитал, објави дека е постигнат договор за преземање на Акуо, водечката компанија…

March 25, 2025
Blog

Meta вложи 14,3 милијарди долари во Scale AI – Александер Ванг преминува во технолошкиот гигант

Компанијата Scale AI, специјализирана за обработка и означување на податоци, потврди дека добила значајна инвестиција од технолошкиот гигант Meta во…

June 15, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Девица – среда, 29 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денес е идеален ден за освободување од негативни мисли и отворање кон радост. Во својот…

January 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?