Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: И во услови на историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: И во услови на историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: И во услови на историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат

Објавено March 26, 2026 16:50
Сподели
Сподели

И во услови на епска, историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат, го плаќаме солидарниот данок и имаме 3,5 проценти реален раст кога во Европа е речиси еден отсто. И покрај сите предизвици, се справуваме и, наместо коленичење, испраќаме порака на стабилност, сигурност и помагаме – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница.

Одговорајќи на пратеничко прашање, Мицкоски напомена дека Министерството за финансии го консолидира буџетскиот дефицит од наследени нешто над 4,5 проценти од БДП.

Во контекст на капиталните инвестиции, премиерот потенцира дека од новиот државен обвинител очекува сите ревизорски извештаи што се однесуваат и на работата на ЈПДП и на Министерството за транспрот први да бидат на дневен ред за да се види кој што правел.

– Лани реалниот раст на БДП беше приближно 3,5 отсто, а номиналниот над осум отсто. Ако на тоа се додаде растот на БДП во 2024 година од три проценти или номиналниот од над шест, тогаш можам да кажам дека овие шест квартали имаме просечен раст од речиси 3,5 проценти од квартал. Претходната влада во своите 28 квартали има просечен раст од два отсто. И првите шест квартали им се под два процента. Ако ги споредуваме со нашите, повторно разликата е 2:1, а бидејќи ги спомнуваат ковид-мерките, заборават дека во време на короната, покрај тоа што направија брутален, епски поткуп на изборите во 2020 и носеа уредби во пет до 12, ги зголемија и државниот и јавниот долг за 10 отсто од БДП, повеќе од една милијарда евра фрлија во ветер, односно во поткуп. Овој раст, во овие шест квартали, од 3,5 отсто, е во услови кога растот во Европа е едвај еден процент. Ако го споредуваме кој било период, и најуспешниот во 2006 – 2008 ќе видиме дека тогаш и растот во ЕУ бил толку, имало предуслови за тој раст, а сега ние имаме 3,5 реален раст во услови кога во Европа е речиси 1 отсто, така што сето ова има тежина – објасни Мицкоски.

Министерството за финансии, повтори, го консолидира буџетскиот дефицит од наследени нешто над 4,5 проценти од БДП.

– Денеска сме со цел да бидеме 3,5 отсто, лани бевме под 4 проценти. И во услови кога го консолидираме дефицитот, имаме раст, и реален и номинален, и покачуваме плати и имаме најсники цени на горивата во регионот и носиме директни фискални мерки, од буџетот субвенциораме диектно кај граѓаните. И ние би сакале да имаме 12 милијарди евра буџет. Во услови на епска, историски најголема криза со енергентите, растат платите, дефицитот се намалува, инфлацијата се намалува и го плаќаме солидраниот данок, од овој месец почна да се враќа солидарниот данок, што го зеде претходната влада. Како почнуваат да стигнуваат пресудите од Евроспкиот суд за човекови права, дополнителни трошоци ќе треба да се плаќаат од буџетот и таа бројка се проценува меѓу 700 милиони и една милијарда евра, пари што оваа Влада ќе треба да ги врати. Но, и покрај сето ова, во услови на криза, имаме најголем раст во регионот за 2025 година, а сега одиме и погоре, со реален раст поголем од буџетскиот дефицит, што значи дека сме ја консолидирале состојбата – истакна премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ако имате висок крвен притисок, важно е да знаете што не треба да правите веднаш по будењето
Следна Статија (ВИДЕО) Лукаревска до Тошковски: Кој ќе понесе одговорност за изгубените животи од семејно насилство?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Промената на времето не е проблем за бизнисот, туку неусогласеноста на божиќните празници и недела неработен ден

Промената во сметањето на времето од летно во зимско и обратно, не прави некоја посебна разлика за бизнисот, многу побитно…

October 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски на средба со раководството на 4IG, пакет од 100 милиони евра инвестиции во телефонијата, вештачката интелигенција и енергетиката

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во рамките на 62. Минхенска безбедносна конференција, оствари средба со раководството на 4IG. Како што информира…

February 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Славески: Народна банка не е надлежна за „брзите кредити“

Гувернерот Трајко Славески во објава на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) им појаснува на граѓаните дека регулацијата и контролата на…

September 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бежоска: Членството во СЕПА е стратешко достигнување, ќе овозможи поефикасни и поевтини прекугранични плаќања

Членството на нашата земја во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), е потврда за успешните регулативни реформи предводени од…

April 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?