Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји
ПОЛИТИКА

Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји

Објавено May 26, 2026 13:58
Сподели
Сподели

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски и неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ денеска потпишаа договор за стратешка соработка помеѓу двете земји, што претставува нова етапа во билатералните односи. Исто така, беше потпишан и договор за соработка меѓу Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија.

На прес-конференцијата по потпишувањето на договорите, Мицкоски и Пленковиќ истакнаа дека со нив се продлабочуваат и онака добрите и пријателски односи меѓу двете земји, а Хрватска, која исто така е дел од НАТО, како и земја членка на ЕУ, останува еден од нашите главни партнери во евроинтеграцискиот процес.

– Особено сме задоволни што ја подигнуваме нашата соработка на повисоко ниво преку потпишување на договорот за стратешка соработка помеѓу двете влади. Овој договор е повеќе од диполоматски акт. Тој претставува рамка за долгорочно партнерство и јасна стратешка определба за продлабочување на нашите односи во области што се од суштинско значење за иднината на двете држави – рече Мицкоски.

Со договорот што денеска се потпиша ќе се овозможи уште поинтензивна соработка во повеќе стратешки сектори, како транспортот, енергетиката, ИКТ, индустријата, производството, здравството, образованието, јавната безбедност, цивилната заштита, одбраната, кибербезбедноста и управувањето со границите.

– Особено позначајно е што договорот отвора простор за подлабока поврзаност помеѓу институциите, компаниите, инвеститорите, академската заедница, граѓанскиот сектор и експертските заедници на двете земји – рече, меѓу другото, Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Топката со која ќе се играат натпреварите на СП мора да се полни како мобилен
Следна Статија Mицкоски: Нашиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни блокади, поради што се доведува во прашање интегритетот на самиот процес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Aпсењето на Александар Нацев е доказ дека правда има, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Денешното апсење на Александар Нацев е доказ дека правда има, и таа важи за сите, се вели во партиското соопштение…

June 9, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Квазипатриотите зборуваат за патриотизам, а имаат бугарски пасоши!

Лажниот патриотизам е карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ, смета претседателот на СДСМ, Венко Филипче. – ВМРО-ДПМНЕ зборува за патриотизам, а имаат бугарски…

May 31, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски: СДСМ денес го предводи бугарофилско раководство кое работи спротивно на македонските национални интереси

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во Дневникот на Сител ТВ порача дека Македонија мора да го…

May 13, 2026
ПОЛИТИКА

Муцунски: На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешни работи Тимчо Муцунски ја одржа вечерва првата прес-конференција по затворањето на гласачките места.…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?