Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Како Влада ќе сториме се што е во наша моќ да го олесниме животот на семејствата на загинатите и на повредените во дискотеката „Пулс“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Како Влада ќе сториме се што е во наша моќ да го олесниме животот на семејствата на загинатите и на повредените во дискотеката „Пулс“
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Како Влада ќе сториме се што е во наша моќ да го олесниме животот на семејствата на загинатите и на повредените во дискотеката „Пулс“

Објавено July 7, 2025 17:20
Сподели
Сподели

Ние сме во постојана комуникација со дел од родителите и семејствата на трагично загинатите и како Влада ќе сториме се што е во наша моќ да го олесниме животот на тие семејства, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање за последното барање на родителите на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во кое се бара институционална и финансиска поддршка.

Тој додаде дека како Влада се во постојана комуникација и со дел од повредените и семејствата на дел од повредените.

– Се што треба како Влада ќе сториме за да го олесниме нивниот живот и нивното опоравување, рече Мицкоски.

Прашан дали има нешто конкретно околу барањето на родителите на загинатите, кое го доставија минатата недела до него, како и до претседателот на Собранието, Африм Гаши и до претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давковка, премиерот Мицкоски одговори дека таквото барање се уште не е пристигнато до него.

– Јас не сум добил такво барање, разговараме, има повеќе барања, тековно ги решаваме тие барања и ве молам да го задржиме достоинството затоа што се изгубени човечки животи и тоа да се конвертира во пари не би сакал да одговарам на такви прашања, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Охрид: При контрола на Капетанијата и Езерска полиција фатени СЕДУМ пијани „КАПЕТАНИ“ на пловило
Следна Статија Земјотрес во Валандово, почувствуван и во Струмица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пандов: Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала

Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала, вели директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, посочувајќи дека кадарот…

September 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија

Предлог законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија, соопшти денеска Министерството за правда (МП). По добиеното мислење,…

December 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт

Локализиран е пожарот што избувна во местото Аквадукт, во близина на улица „Словенечка“, каде гореше ниска вегетација и ниска стеблеста…

September 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Погребани членовите на ДНК кои загинаа во пожарот во Кочани

Членовите на бендот ДНК кои починаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се погребани денеска. Пејачот на бендот Андреј…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?