Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Погребани членовите на ДНК кои загинаа во пожарот во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Погребани членовите на ДНК кои загинаа во пожарот во Кочани
МАКЕДОНИЈА

Погребани членовите на ДНК кои загинаа во пожарот во Кочани

Објавено March 20, 2025 13:57
Сподели
Сподели

Членовите на бендот ДНК кои починаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се погребани денеска. Пејачот на бендот Андреј Ѓорѓиески, е погребан на градските гробишта Бутел, а членката на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска на гробиштата во Лисиче. Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев е на градските гробишта во Струмица.

На погребот на Андреј Ѓорѓиески, што се одржа во 10 часот, присуствуваа членовите на неговото семејство, македонски уметници, пејачи, музичари негови колеги.

Погребот на Сара Пројковска се одржа на гробиштата во Лисиче во 12 часот.

Ѓорѓи Ѓорѓиев е погребан на градските гробишта во Струмица. Посмртните останки беа изложени во Градската капела од 12 часот, а во 10 часот вработените во музичкото училиште одржаа комеморативна седница.

Во црквата во штипско Ново Село, телата на Филип Стевановски и на Александар Коларов, кои беа дел од бендот на ДНК, беа изложени од 9 до 11 часот, а во истото време телото на Александар Ефремов, кој исто така беше дел од бендот, беше изложено во црквата „Света Троица“ во Штип. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина легендарниот Еди Џордан
Следна Статија Неетичко известување од српски медиуми и странски дописници за погребот на загинатите во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Таравари: Ако има вина ќе има и одговорност за смртта на 14-месечното бебе

Министерот Таравари вети дека ќе се дознае вистината за смртта на 14 месечното бебе кое почина на Детската Клиника. Таравари…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Дали Љупчо Коцевски свесно ја компромитирал акцијата на МВР за кочански „Пулс“?

Дали Љупчо Коцевски вчера, во настап на ТВ Телма, свесно ја компромитираше најновата акција на МВР во Кочани, поврзана со…

April 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Би било наивно да се прават уставни измени за да ни се случи уште едно неисполнето ветување

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски оценува дека во Македонија постои оправдана разочараност од односот на ЕУ во поглед на нејзиното…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски лобира за интересите на Македонија, оствари средба со пратеници на ЦДУ

Остварив плодна средба со пратениците на сестринската партија од Германија, ЦДУ, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Разговаравме за поблиска соработка и…

October 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?