Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Љутков: Универзална сала ќе биде готова до крајот на 2027 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Љутков: Универзална сала ќе биде готова до крајот на 2027 година
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Универзална сала ќе биде готова до крајот на 2027 година

Објавено April 27, 2026 14:09
Сподели
Сподели

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска соопшти дека по подолг период на административни и правни пречки започнува процесот за изградба на Универзалната сала во Скопје.

Тој истакна дека станува збор за објект кој претставува значаен споменик на културата и традицијата, кој треба да биде завршен до крајот на 2027 година, а ќе биде дел и од програмските подготовки поврзани со Европската престолнина на културата 2028.

Љутков појасни дека во изминатиот период процесот бил забавен поради правни и административни нејаснотии, како и поради поделено стопанисување меѓу Град Скопје и Министерството за култура во минатото.

Во моментот кога ги надминавме сите пречки, продолживме со постапката. Министерството за култура и туризам, преку Владата, е инвеститор на проектот по принцип ‘клуч на рака’. Во минатото проектот беше поделен во фази, а сега се реализира како целина“, изјави Љутков.

Тој додаде дека за изградбата е обезбедена сума од околу 20 милиони евра преку Владата и Министерството, нагласувајќи дека Скопје конечно ќе добие обновен културен објект со големо значење за градот.

Во однос на безбедноста на објектот, министерот информираше дека биле спроведени повеќе испитувања и анализи, меѓу кои и експертски оценки, при што било утврдено дека нема ризик за конструкцијата.

Според добиените резултати и експертизата, нема никаква опасност за конструкцијата, што го потврди и професорот Гаревски, рече Љутков.

На новинарско прашање за тоа дали ќе се задржи автентичниот изглед на Универзалната сала, министерот одговори дека проектот предвидува зачувување на препознатливата структура и лик на објектот, со современи архитектонски и функционални подобрувања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Бутел“ ја призна грешката, по грешка ги бетонирала гробиштата и направила место за уште еден гроб
Следна Статија Вицегувернерот Величковски: Народната банка со унапредена монетарна рамка и активности за поефикасни финансиски пазари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мистерија стара 39 години: Дали смртта на архиепископот Ангелариј беше случајна сообраќајка или внимателно испланирана ликвидација?

На денешен ден, пред точно 39 години, на 15 јуни 1986 година, Македонија остана без вториот поглавар на Македонската православна…

June 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ни Башановиќ не може да го спаси СДСМ

Колку и СДС и Венко Филипче да се обидуваат да ја сокријат кризата во која се наоѓаат, и повторно да…

March 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Да не дозволиме минатото да се повтори, споменот на жртвите да биде вечен

Над 7.000 македонски Евреи беа депортирани во логорот Треблинка, а нивниот живот, историја и култура беа насилно прекинати. Но, историјата…

March 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

8000 кавадарчани биле во мрежата на „Конти“, 4000 „изгореле“

Нискиот стандард, големата желба за заработка без труд, лакомоста и алчноста се само некои од причините што ги навлекоа кавадарчани…

October 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?