Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Каматната стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од 4,5 проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Каматната стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од 4,5 проценти
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Каматната стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од 4,5 проценти

Објавено May 28, 2025 17:28
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека вкупната каматна стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде помала од маргината од 4,5 проценти, објаснувајќи дека се користи кредитниот рејтинг на Обединетото Кралство, кој е трипати А, што е најдоброто што државата може да го добие на пазарот во моментов.

Мицкоски истакна дека ова е она што со сигурност може да го каже од досега договореното, потенцирајќи дека финансиските услови сè уште не се целосно усогласени и дека нема отворен дијалог со никого за деталите.

На прашањето дали вкупната каматна стапка ќе биде во рамките на тековните проекции за државата, кои се движат од 4,5 до 6,5 проценти, Мицкоски одговори дека вкупната каматна стапка би била пониска од оваа долна граница, повторувајќи дека сè уште немаат отворено таков дијалог со никого.

„Договорот е за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство и тој поминува во собраниска процедура“, рече Мицкоски.

„Во делот на финансиските аранжмани, ние имаме преговори со финансиски институции од таа земја и имаме од прилика структура колку би била каматната стапка за тој еден заем и би кажал дека е подоле од долната маргина што ја кажавте“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција за промоција на оперативниот план за вработување.

Но, Мицкоски нагласи: „Ние нема да одиме на директно потпишување договор со таа финансиска институција, туку Министерството за финансии, откако ќе добие барање за проект, ќе излезе на меѓународен пазар и ќе има конкурентен дијалог со 18-20 потенцијални кредитодаватели, меѓу кои и европските банки.“

„Оној што е подготвен да финансира вакви проекти, со одредена конкурентна каматна стапка, ќе биде избран“, додаде Мицкоски. „Не можеме од сега да знаеме дали таа финансиска институција со која преговаравме ќе биде најконкурентна. Таа ќе биде избрана само под услов да е најконкурентна, затоа не е дел од договорот, затоа што таа процедура допрва ќе се случува. И тоа ќе биде транспарентно и нема да биде скриено, нема да се носи со европско знаме и нема да биде класифицирано. Зарем мислите дека јас сум тука да дозволам држава да направи фаул или пак граѓаните да бидат ограбени? Напротив, ние добивме доверба за да ја развиваме“, изјави Мицкоски.

Финансиските услови сè уште не се докрај договорени, потенцираше Мицкоски, посочувајќи дека во случајот има петгодишен грејс период и првата фактура би доспеала на 1 јануари 2027 година и од тогаш ќе започне грејс периодот.

На прашањето дали договорот предвидува соработка во безбедноста и што тоа подразбира, Мицкоски одговори дека пред две недели на владина седница бил разгледан меморандум за разбирање меѓу Владата и британска компанија која е подготвена да инвестира во еден таков производствен капацитет меѓу 250-300 милиони евра, што годишно би носело од извоз околу половина милијарда евра.

„Но, имаме договор, кога ќе биде сето тоа финализирано, ќе застанеме повторно на прес и тоа ќе го кажеме“, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Идната недела ќе се пополнат празните места во Владата, кажа Меџити
Следна Статија Јанев: Борбата против трговијата со дрога е еден од нашите приоритети

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Странските директни инвестиции во 2024 година изнесуваат 1,255 милијарди евра, највисок износ во четвртиот квартал

Странските директни инвестиции во 2024 година во земјава изнесуваат 1,255 милијарди евра, што е двојно повеќе во однос на минатата…

February 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Лебот во Македонија поскапел за 65%, земјава се најде трето место во Европа по раст на цената

Според податоците на Еуростат, цената на лебот во европските земји значително пораснала во последните пет години. На првото место по…

January 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Тежок криминал се правело со автопатот Скопје-Блаце

Техничкиот консултант, компанијата “Суес” која била избрана како техничка подршка во изведба на автопатот Скопје – Блаце преку писма го…

October 31, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За кратко време ја консолидиравме економијата, индикаторите за раст на БДП се меѓу најдобрите во Европа

На прес-конференција посветена на економскиот раст, претседателот на Владата рече дека податоците што ги објави Државниот завод за статистика ги…

December 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?