Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во обвинителството и браник на минатата власт друго не видовме, граѓаните сакаат правда и борба против криминал и корупција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во обвинителството и браник на минатата власт друго не видовме, граѓаните сакаат правда и борба против криминал и корупција
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во обвинителството и браник на минатата власт друго не видовме, граѓаните сакаат правда и борба против криминал и корупција

Објавено February 27, 2025 14:59
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратеничка прашања истакна дека на јавниот обвинител Љупчо Коцевски му беше дадена шанса, но изминатиов период освен пресметки со неистомисленици во обвинителството и последен браник за одговорноста на минатата власт, друго ништо не се виде од обвинителот, и токму затоа се почна со постапката за разрешување, затоа што граѓаните треба да видат правда и борба против криминалот и корупцијата.

„На Коцевски му оставивме шанса и покрај тоа што бевме свесни дека можеби јавноста нема со наклоност да гледа на таа одлука да оставиме шанса на и така потонатото во кал обвинителство и судство. Дадовме шанса што може да направат, дали може да излезат од таа политичка матрица во која поединци се наоѓаат, не сите. Не влеговме како другите влади од прв ден да се пресметуваме со обвинителот и да правиме маратонски седници и да менуваме закони. Рековме да оставиме простор, но освен внатрешна пресметка со неистомисленици во рамките на обвинителството, која се случи како резултат на процеси во позадина како исплатените дневници за поранешните специјални обвинители, друго ние не видовме. Друго беа изговори“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека за да се покаже дека нема да биде „како до сега“ соочени се сите аргументи и констатирано е дека треба да се почне со барање одговорност од јавниот обвинител, кој од некои потези кои не личат на коректни и внатрешни пресметки во обвинителството, апсолутно ништо друго не прави.

„Почнавме постапка како влада, законски рокови и потоа сето тоа ќе дојде на собраниска седница. Има пратеници од политички партии во опозицијата наместо на страната на гласот на народот, застанаа во одбрана на Коцевски. Имајќи предвид дека довербата во обвинителството не е повеќе од 2-3%, тогаш се поставува прашањето чиј глас го претставуваат бранејќи го Коцевски. Јас лично имам дилема дали е тоа морално или осмислена политичка стратегија? Главните критики од извештајот на ЕК се во делот на владеење на право, имплементација на реформи во правосудството, тогаш кого штитат? Каква е пораката што се испраќа? После се чудат зошто довербата кај граѓаните опаѓа и кај опозицијата“, рече премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека Владата останува принципиелна на тоа што го говори.

„Рековме ќе дадеме шанса, но тоа што го гледаме е комплетно фијаско и последен браник на интересите на претходната владина коалиција, за што мора да има одговорност, а одговорноста е токму тука во Собранието бидејќи тој јавен обвинител се бира во Собрание. Мора да имаме недвосмислена борба против криминалот и корупцијата“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дурловски со реакција за апсењето на Сокол: Личност со богато портфолио на морални компромиси
Следна Статија Путин: Контактите со САД влеваат надеж, западните елити се решени да го нарушат дијалогот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДКСК бара поништување на одлуките за назначување на членови на УО на АСЈО од Судски совет и Совет на јавни обвинители

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да преземат мерки со кои ќе ги стават вон сила своите одлуки за…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Бока: Македонија веќе требаше да биде во ЕУ, Унгарија е ваш искрен пријател на тој пат

Проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан и интеграцијата на Македонија во Унијата е незавршен процес. Македонија веќе требаше да биде…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Груби доби отказ од универзитет поради неразумно отсуство

Тетовскиот универзитет ја започна законската процедура за разрешување на професорот Артан Груби, кој е доцент на Правниот факултет, отсек новинарство,…

January 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Десет млади лица ќе учат за пилоти, а АЦВ ќе плати половина од сумата за обуката

Десет млади лица ќе учат за пилоти. Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе плати половина од парите потребни за нивна обука…

August 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?