Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Културата е темелот врз кој се гради една нацијa
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Културата е темелот врз кој се гради една нацијa
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Културата е темелот врз кој се гради една нацијa

Објавено September 7, 2025 22:13
Сподели
Сподели

„Отворањето на новата поставка во Националниот археолошки музеј не е само културен чин, туку и силна порака дека Македонија ја цени својата историја и ја претвора во светло што ја води иднината.“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија.

Премиерот Мицкоски посочи дека повеќе нема застој и запоставување на нашиот идентитет, потенцирајќи дека задача и цел на оваа Влада е да ја отвори Македонија пред светот, да ѝ овозможиме на јавноста, на туристите, на младите генерации да ја почувствуваат големината на културното наследство со кое располагаме.

„По речиси седум години мораториум на претходната влада врз ваков значаен сегмент од нашата култура, денес испраќаме порака дека нема веќе застој, нема запоставување на она што е темел на нашиот идентитет. Нашата задача е да ја отвориме Македонија пред светот, да ѝ овозможиме на јавноста, на туристите, на младите генерации да ја почувствуваат големината на културното наследство со кое располагаме.“, нагласи тој и додаде:

„Археологијата не е само минато- тоа е живо сведоштво за развојот, креативноста и упорноста на нашите предци. Со оваа нова поставка, како што посочија веќе од Националниот археолошки музеј, нашето културно наследство ќе биде прикажано на уште подостапен, интерактивен и инспиративен начин. Тоа е инвестиција во знаење, во културна самосвест и во национална гордост.

Македонија има што да покаже и што да понуди. Од најстарите артефакти на овие простори, преку исклучителните археолошки откритија што ги претставуваат големите цивилизации што поминале овде, па сè до богатствата што ја дефинираат нашата уникатна улога во европската и светската културна историја.“

Мицкоски изрази благодарност за сите кои што работеа на оваа поставка, додавајќи дека културата е темелот врз кој се гради една нација.

„Оваа нова поставка е повеќе од музејски експонат- таа е прозорец кон светот. Со неа ја унапредуваме промоцијата на нашата култура, ја јакнеме туристичката понуда и ја потврдуваме позицијата на Македонија како држава со длабоки корени и со јасна визија за иднината. Дозволете ми да изразам благодарност до сите што работеа на оваа поставка- од археолозите, историчарите, кураторите, до целокупниот тим кој вложи труд, знаење и страст. Вие сте мостот помеѓу минатото и иднината.“, потенцираше тој.

„Културата е темелот врз кој се гради една нација. Ние сме тука да гарантираме дека тој темел ќе биде силен, видлив и достапен за секој граѓанин и за секој посетител кој ќе дојде да ја открие убавината на Македонија.

Нека ова отворање биде потсетник дека сме должни да чуваме, негуваме и промовираме сè што претставува душа на нашата татковина.“, дециден е премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СП одбојка жени: Италија првак повторно по 23 години
Следна Статија ЛДП ќе коалицира со ГРОМ на изборите во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: Експресниот пат Градско – Дреново е реалност, денеска имаме комплетно завршен пат, од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути

Убаво е кога се отвораат капитални проекти. Пелагонија добива нов модерен експресен пат што ќе значи економски развој и поврзување…

January 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Општина Аеродром испитува дали „Зимзоленд“ има одобрение за поставување урбана опрема

По наводите дека „Зимзоленд“ работи без потребната дозвола, Општина Аеродром, на чија територија е поставен забавниот парк, соопшти дека во…

December 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во посета на Обединетите Арапски Емирати

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се вицепремиерот и министер за транспорт Александар…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег со променлив интензитет…

February 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?