Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: И единствениот противпожарен апарат што се гледа на една од снимките не бил соодветен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > И единствениот противпожарен апарат што се гледа на една од снимките не бил соодветен
МАКЕДОНИЈА

И единствениот противпожарен апарат што се гледа на една од снимките не бил соодветен

Објавено March 27, 2025 08:40
Сподели
Сподели

– Противпожарниот апарат што се гледа на една од снимките со кој се гаси почетниот пожар е несоодветен, наменет е за гасење оган кај електрични уреди под напон, а не од таков вид каков што беше во „Пулс“. Ако тој апарат беше со прав, во најмала рака ќе го забавеше ширењето на пожарот и ќе дадеше многу повеќе време за евакуација на младите. Од друга страна, присутните во дискотеката во првиот момент не ја сфаќаат сериозно опасноста и наместо да се упатуваат кон излезот, тие снимаат со мобилните телефони. Заедничко во двата момента е незнаењето и недоволната едукација, нешто што во иднина треба да се сфати многу сериозно и да се работи на тоа, секој од нас да има елементарно познавање за противпожарна заштита, истакнува Претседателот на Доброволното противпожарно друштво – Кочани, Златко Илијев, кој оценува дека недостигот од основно познавање на населението за однесување при пожар е една од клучните причини за трагични последици.

Според Илијев, интервенцијата на кочанските пожарникари во гаснењето на пожарот и спасувањето на младите лица во дискотеката „Пулс“, беше пожртвувана и храбра. Десетина дена по трагедијата и кај нив сѐ уште е присутен шокот од последиците што ги предизвика огнената стихија, иако во досегашното работење се соочувале со голем број слични предизвици.

Тројца пожарникари се здобија со изгореници и проблеми со дишните патишта, при што двајца се со полесни повреди, а поради вдишување отровен чад и телесни повреди командирот на ТППЕ – Кочани, Драган Апостолов заврши на Клиниката за токсикологија во Скопје. Според последните информации, тој закрепнува и се чувствува добро, па се очекува идната недела да биде пуштен на домашно лекување.

И покрај недоволниот број пожарникари и дотраената опрема, ТППЕ – Кочани, заедно со колегите од Доброволното противпожарно друштво од Кочани и од Територијалните противпожарни единици од Виница, Штип, Пробиштип и Свети Николе интервенираа според можностите и спречија во катастрофата да има и други жртви и повредени.

Поддршка и признание за нивната пожртвуваност добија и од претседателката Гордана Силјановска Давкова, која ја посети ТППЕ – Кочани и упати благодарност за дејствувањето во трагичниот настан.

Во ТППЕ – Кочани со години нема значителна промена во кадарот, односно има вработено 16 лица, иако според бројот на населението на територијата што ја покриваат, треба да се минимум 33. Освен во општина Кочани, тие имаат обврска да интервенираат и во соседните општини Зрновци и Чешиново-Облешево. Блок-дотацијата што на годишно ниво ја добиваат од Министерството за внатрешни работи изнесува нешто помалку од 10,5 милиони денари, од кои треба да се покријат бруто платите и другите обврски. Дополнително учествува и Општината со свои буџетски средства.

– Со потпишување договор и утврдени цени за услугите меѓу општина Кочани и соседните две општини, тие треба финансиски да учествуваат за извршените услуги. Тој договор ниту еднаш до сега не е испочитуван и покрај укажувањата од наша страна. Практично, работиме со 45 отсто од предвидениот законски Правилник за пожарникарство, односно еден човек работи за две работни места, а просечната старост на пожарникарите е 48 години. Возниот парк е стар, набавен главно од донации, а Општина Кочани едвај може да обезбеди сервисирање, а уште помалку да обезбеди ново возило, опрема и обувки, макар и преку проекти од Источниот плански регион и слично, затоа што се смета дека потребите ни се задоволени, истакнува командирот на ТТПЕ Апостолов.

Личните трагедии по пожарот во Кочани се големи. И пожарникарите се соочија со загинати или повредени блиски во семејствата, а тажен е примерот на брачниот пар Антови, кој е дел од Доброволното противпожарно друштво од Кочани, а во пожарот ја изгуби единствената ќерка.

Според евиденцијата во ТППЕ – Кочани, од почетокот на оваа година, сѐ до последниот трагичен пожар, пожарникарите имале вкупно 58 интервенции, од шумски, полски и пожари на објекти до укажување помош во повеќе сообраќајни несреќи, во кои имало и две жртви.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Јокиќ се врати со трип-дабл, Дончиќ и Леброн ги предводеа Лејкерси
Следна Статија Непознат маж ги демнел Џин Хекман и неговата сопруга пред нивната смрт

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува за 40 минути, пуштен експресниот пат Крива Паланка-Страцин

Со пуштањето на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, патувањето од 30 минути се крати на 10 минути, а…

January 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре протест за пресудата за Теодора, иницијативата „Кој е следен“ го достави првото барање

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата поднесе барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од…

April 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Полициски службеници успешно евакуираа припадник на македонската Армија од огнената стихија

Полициски службеници успешно евакуираа припадник на македонската Армија од огнената стихија, се вели во Фејсбук статусот на министерството за внатрешни…

July 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Куманово со најмногу гласачи 94 041, Лозово со најмалку 1905, ќе се гласа на 3474 избирачки места

Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1 832 415 гласачи, од кои 1 717 803…

October 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?