Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АВМУ реагира за однесувањето на СДСМ кон новинарите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > АВМУ реагира за однесувањето на СДСМ кон новинарите
МАКЕДОНИЈА

АВМУ реагира за однесувањето на СДСМ кон новинарите

Објавено January 22, 2026 12:43
Сподели
Сподели

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги преку соопштение денеска изразува загриженост за континуираните етикетирања и јавни напади од страна на политичката партија СДСМ, насочени кон одделни новинари и медиуми.

Агенцијата потсетува дека слободата на изразување, медиумскиот плурализам и уредувачката независност се темелни демократски вредности.

-Јавната комуникација, особено кога доаѓа од политички субјекти, мора да биде одговорна и да ја почитува улогата и автономијата на медиумите. Јавното дискредитирање или етикетирање на новинари и медиуми создава атмосфера на притисок, го поткопува јавниот дијалог и може директно да влијае врз безбедноста и професионалниот интегритет на новинарите. Медиумите не смеат да бидат третирани како политички противници, ниту да бидат вовлекувани во партиски или политички конфронтации. Напротив, тие треба да имаат можност непречено, слободно и без притисоци да ја извршуваат својата професионална улога, во интерес на јавноста и демократските процеси – се вели во реакцијата на АВМУ.

Агенцијата ги повикува сите политички субјекти да се воздржат од реторика која придонесува за поларизација, притисок или дискредитација на медиумите и новинарите и да ја почитуваат нивната уставна и професионална улога во демократското општество.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Наследникот на Ворен Бафет размислува да ги продаде акциите на Kraft Heinz
Следна Статија Netflix планира иновативен редизајн на апликацијата за поголемо искуство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Брод се запали на Охридското Езеро

Мал брод попладнево беше опожарен во Охридското Езеро, во близина на пристаништето. За среќа, екипи на полицијата брзо интервенираа и…

July 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се сретна со Пленковиќ, регионалната соработка во фокусот на разговорите

Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Брисел, на маргините на Конгресот на Европската народна партија остварил средба со…

March 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Таравари: 57 пациенти се лекуваат во болниците низ Скопје и странство, двајца во критична состојба

Вкупно 57 од 193 пациенти од трагедијата во Кочани остануваат да се лекуваат во болниците низ Скопје и странство, двајца…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Силно невреме со град го зафати регионот меѓу Куманово и Скопје

Нов бран на силна нестабилност попладнево го зафати регионот меѓу Куманово и Скопје, каде радарските снимки покажуваат интензивни процеси проследени…

June 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?