Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судскиот совет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судскиот совет
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судскиот совет

Објавено January 3, 2025 14:40
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за краток коментар во врска со изборот на новиот претседател на Судски совет, изјави дека нема коментар и нема што да дополни на тоа што се случува, туку останува да видиме како тој ќе работи.

Немам коментар. Пречесто некако коментираме, па пречесто експертите ги коментираат нашите коментари. Јас немам што да кажам ниту пак да дополнам на тоа што се случува. Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судскиот совет, рече Мицкоски, кој денеска присуствуваше во Радовиш, на пуштање во употреба на спортска сала „25 Мај“.

Судскиот совет на 510-тата седница со 13 гласа го избра судијата Александар Камбовски, кој доаѓа од Апелација Битола и беше избран за член на Советот во јуни минатата година.

Мицкоски пред Нова година изјави дека се размислува за неколку потези после празниците во однос на Судскиот совет.

Размислуваме за неколку потези, некои мерки кои ќе ги преземеме после празниците, затоа што и покрај најавите дека се надминати оние појави на анксиозност, дијареа, грчеви и покачена температура, сè уште тие процеси траат кај одредени обвинители и судии. Граѓаните мора да ја добијат правдата. Планираме вакви активности во следниот период, рече премиерот Мицкоски, одговарајќи тогаш на новинарско прашање дали се планира разрешување на оние членови на Судскиот совет кои се избрани од Собранието.

Премиерот исто така тогаш кажа дека „луѓето кои имаат доверба од граѓаните од два отсто, не ја заслужуваат платата којашто ја земаат“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Жестоко ќе реагираме ако повторно има несакани појави со цените
Следна Статија Познат идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Повремени врнежи од дожд, попладне од снег

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките…

January 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Митева: Издадени 28 решенија за привремена забрана за работа, неправилности констатирани кај 17 субјекти со лиценца

Како Влада сме посветени на обезбедување на целосна транспарентност и точност пред јавноста и внимателно ги следиме сите институционални чекори…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Двојно е зголемен буџетот за науката и научната дејност

Владата најави двојно зголемен буџет за науката и научната дејност во Македонија. Во моментот имаме два огласи кои ги објави…

June 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Груби се жали на притворот

Најави дека ќе се врати во земјава, дека е чист како солза, но Артан Груби единствено што направи од странство…

December 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?