Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Лидерска средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Лидерска средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Лидерска средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми

Објавено March 30, 2025 15:16
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека предлогот на претседателот на СДСМ Венко Филипче за лидерска средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми.

– Лидерската средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми. Од тоа што можев да разберам во јавноста е дека Филипче има некаков предлог, план. Тој може да го соопшти тој план преку прес-конференција, но, доколку цени дека и мене претходно треба да ме информира и запознае, јас сум секогаш тука. Сериозните теми бараат сериозен пристап, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во струмичко Ново Село каде вршеше увид во градежните активности на проектот за изградба на пешачка и рекреативна патека од Ново Село до Мокриево.

Тој рече дека е подготвен да го прими и да поразговараат на оваа тема.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на Донаторската вечер за помош на семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани најави дека идната недела во Собранието ќе ги повика на средба лидерите на најголемите политички партии на кои ќе им го презентира неговиот план – што тој смета дека е обврска да се направи за државата бидејќи, рече, „очигледно е дека конвенционалните начини на водење на политика, на политичка борба, не даваат доволно брзо резултати“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Планинарката Ивона која загина во пожарот е ќерка на единствената пожарникарка во Кочани, колегите тагуваат
Следна Статија Штета: Калин Ивановски го загуби финалето во Опатија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈАПОЛИТИКАСВЕТ

Билатерална средба на министерот Панче Тошковски со унгарскиот колега Шандор Пинтер

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска во Охрид оствари билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Република Унгарија,…

September 27, 2024
ПОЛИТИКА

Милошоски: Пендаровски ако не може или не сака да ѝ помага на Македонија, барем нека не ѝ одмага

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски го обвини поранешниот претседател Стево Пендаровски за неодржување доследност во своите ставови, особено во врска…

March 9, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Предвремени избори по локалните нема да има, ДУИ џабе се надеваат

Премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со медиумите истакна дека коалицијата што ја предводи ќе има убедлива победа на локалните избори,…

September 19, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова 7 години беше одговорна за животната средина и не направи ништо

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, повторно излегува со празни ветувања. „СДС, Заев…

September 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?