Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Нов скандал во Националната агенција „Еразмус“, Ана Михајлов, осомничена од ОЛАФ, назначена за в.д. директорка?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Нов скандал во Националната агенција „Еразмус“, Ана Михајлов, осомничена од ОЛАФ, назначена за в.д. директорка?
ПОЛИТИКА

СДСМ: Нов скандал во Националната агенција „Еразмус“, Ана Михајлов, осомничена од ОЛАФ, назначена за в.д. директорка?

Објавено August 12, 2025 13:17
Сподели
Сподели

„Денеска објавуваме нов скандал на власта. Како пред очите на целата јавност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја враќа вмровската партиска мафија во Националната агенција за европски образовни програми? Која патем управува со милионски фондови од Европската унија преку Еразмус +. Пред десетина дена, поточно на 1 август, на местото в.д. директор на Агенцијата, без транспарентност и без консултација со Европската унија, е назначена Ана Михајлов“, рече Јовица Јанковиќ, потпретседател на СДММ.

„Клучното прашање е што се крие зад назначувањето на Ана Михајлов на чело на Агенцијата која во минатото беше во самиот центар на најголемиот скандал во оваа институција?

Огласот беше поништен а причините за поништувањето останаа мистерија.

Ниту начинот ниту времето на назначувањето воопшто не е случајно.

Сега започнуваат локалните избори и најважно завршува истрагата за предметите што ОЛАФ, Европската канцеларија за борба против измами, ги достави до македонското обвинителство.

Токму во овие документи, според нашите информации од свиркачи осомничена е новата директорка, Ана Михајлов.

Ова е официјалниот извештај на ОЛАФ од 2023 година, каде јасно е наведено дека постои основано сомневање за злоупотреба на над 2 милиони евра во периодот на претходната влада на режимот на Груески, за период кој започнува во 2016 година.

Како што е наведено, идентификувани се повеќе од 50 физички и правни лица во Македонија и пет земји-членки на ЕУ, сите дел од вмровската шема. Преку вмровските внатрешни кадри, вработени во агенцијата, протекувале информации за апликанти и евалуатори.

Надворешна фирма управувала со проекти на над 15 училишта, што претставува флагрантно кршење на грант-договорите.

ЈО се уште нема процесуирано обвинителен акт по овој целосно документиран предмет доставен на јавното обвинителство во 2023 г одина и повторно актуелизиран во 2024 година.

Од свиркачи внатре во Агенцијата СДСМ дознава дека власта прави силен притисок да се спречи истрагата на Јавното обвинителство.

Дали затоа што води токму до Ана Михајлов и нејзините најблиски фамилијарни и пријателски ангажирани евалуатори од ВМРО-ДПМНЕ?

Прашуваме:

Дали ова е причината да биде поништен претходниот конкурс за директор?

По кој критериум е назначена токму Ана Михајлов и зошто токму сега?

Дали зад назначувањето на Михајлов се крие вистинската намера на власта да ја блокира истрагата на ОЈО и ОЛАФ?

Ова е враќање на вморвската мафија во Агенцијата и јавноста очекува одговори.

СДСМ ќе ја продолжи оваа тема и ќе ја информира јавноста за сите детали и информации со кои располагаме за овој скандал“, изјави Јовица Јанковиќ, потпретседател на СДММ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ќе има одговорност за секој што ќе се огреши пред законот без разлика од која политичка партија доаѓа
Следна Статија Мадона до папата Лав XIV: „Оди во Газа пред да биде предоцна“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ

Реалната просечна плата порасна двојно повеќе споредено со времето кога СДСM беше на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на објавата на…

August 26, 2025
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Со закани, уцени и притисоци, Филипче и Заев сакале да ја земат болницата Жан Митрев

Сведоштвата на др. Жан Митрев во кои директно ги обвинува Заев и Филипче дека преку својата политичка моќ и државните…

January 19, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Пржинската влада мора да остане, во спротивно пратеничката група на СДСМ ќе се повлече од работната група за Изборниот законик

Пржинската влада мора да остане, во спротивно пратеничката група на СДСМ ќе се повлече од работната група за Изборниот законик,…

April 23, 2026
ПОЛИТИКА

Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка

Предлог измените на СДСМ не добија зелено светло од мнозинството за да се најдат на дневниот ред. Само 19 пратеници…

May 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?