Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Лидерска средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Лидерска средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Лидерска средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми

Објавено March 30, 2025 15:16
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека предлогот на претседателот на СДСМ Венко Филипче за лидерска средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми.

– Лидерската средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми. Од тоа што можев да разберам во јавноста е дека Филипче има некаков предлог, план. Тој може да го соопшти тој план преку прес-конференција, но, доколку цени дека и мене претходно треба да ме информира и запознае, јас сум секогаш тука. Сериозните теми бараат сериозен пристап, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во струмичко Ново Село каде вршеше увид во градежните активности на проектот за изградба на пешачка и рекреативна патека од Ново Село до Мокриево.

Тој рече дека е подготвен да го прими и да поразговараат на оваа тема.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на Донаторската вечер за помош на семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани најави дека идната недела во Собранието ќе ги повика на средба лидерите на најголемите политички партии на кои ќе им го презентира неговиот план – што тој смета дека е обврска да се направи за државата бидејќи, рече, „очигледно е дека конвенционалните начини на водење на политика, на политичка борба, не даваат доволно брзо резултати“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Планинарката Ивона која загина во пожарот е ќерка на единствената пожарникарка во Кочани, колегите тагуваат
Следна Статија Штета: Калин Ивановски го загуби финалето во Опатија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Деструктивен спин на опозициските медиуми против историскиот договор со Британија

Потпишувањето на Заедничката декларација за стратешко партнерство со Обединетото Кралство претставува историски чин од највисоко државно значење. Тоа е чин…

May 16, 2025
ПОЛИТИКА

ДИК: Одзив за Град Скопје до 18:30 часот е 46,64%

На денешното гласање на првиот круг од локалните избори право на глас на ниво на Град Скопје оствариле 46,64%. -Генералниоит…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Ахмети: Јас ја уништив Југославија

„Нема никој во Македонија кој знае подобро од мене како да прави национализам. Јас ја уништив Југославија и 20 години…

December 23, 2025
ПОЛИТИКА

Инцидент на СДСМ во Кочани: Советник на Венко со стаклено шише повреди правничка

Тежок инцидент се случи денеска во Кочани откако Аки Акиов, советник поддржувач на СДСМ, кој гласаше за в.д. Венко Крстевски,…

June 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?