Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Македонија влегува во деценијата на зрелост, а ние сме генерацијата што мора да ја постави линијата дека државата може, знае и ќе успее
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Мицкоски: Македонија влегува во деценијата на зрелост, а ние сме генерацијата што мора да ја постави линијата дека државата може, знае и ќе успее
Blog

Мицкоски: Македонија влегува во деценијата на зрелост, а ние сме генерацијата што мора да ја постави линијата дека државата може, знае и ќе успее

Објавено December 6, 2025 16:58
Сподели
Сподели

На Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ денеска се усвојуваа документ важен за иднината на државата – „Стратегија Македонија 2030“, новата партиска парадигма и Идеолошкиот кодекс. Премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски, во своето обраќање порача дека организацијата стои на цврсти темели, изградени врз идеологија, традиција и јасна визија за државата.

Мицкоски истакна дека секоја сериозна иницијатива мора да има јасна основа и патоказ што ја определува иднината. Македонскиот политички плурализам, нагласи тој, низ годините создал многу партии и движења – некои исчезнале, некои се претвориле во експерименти, а има и такви кои поради напуштање на сопствената идеологија денес се борат за опстанок.

„Во времињата на големи предизвици гледаме колку е силно врзивното ткиво врз кое почива една организација. При силните ветришта на вистински тест е конструкцијата, идеологијата и правците по кои се движиме. Примерите на напуштање на идеологијата водат кон идентитетско обезличување, претопување во аморфна маса на индивидуални интереси. Имаме и денес примери на партии кои ги негираа сопствените постулати, па сега се борат за опстанок“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ низ годините минувало низ големи победи, но и низ порази, и дека партијата секогаш била на тест пред важни одлуки.

„За сите мои одлуки сум спремен да разговарам, но за одлуките на моите претходници ќе цени историјата и идните генерации. Важно е секоја одлука да се гледа во условите во кои е носена“, посочи премиерот.

Мицкоски ја нагласи големината на партијата, која, како што рече, ги носи соништата на многу генерации и е наследник на историското ВМРО. Нема случајност што овој Конгрес е означен како 18-ти – продолжение на низата на историското ВМРО, кое отсекогаш постоело за една цел: Македонија.

Во продолжение, премиерот се задржа на вредностите што ја водат државата напред:

„Во овие години на искушенија научивме дека државата не се гради со зборови, туку со карактер. Иднината не ја носат храбрите говори, туку храбрите одлуки. Денес не зборуваме само за програми и мерки, туку за обновата на македонската самодоверба – дека оваа земја не е случајност, туку наследство, не е експеримент, туку избор и завет.“

Тој повика Македонија да престане да живее во дефанзива, туку да застане исправено, со достоинство и волја што не се крши:

„Ова е повик да престанеме да бидеме публика во сопствената држава. Слободата не е подарок, туку дисциплина. Европа не е географија, туку вредност. Напредокот не доаѓа од оние што чекаат, туку од оние што тргнуваат да создадат.“

Мицкоски порача дека никој од надвор нема да ја изгради државата, ниту ќе ја напише нејзината визија – тоа е обврска на оваа генерација.

„Македонија не паѓа кога е тешко – паѓа кога се откажува. Денес одбиваме да се откажеме. Одбиваме да ја прифатиме идејата дека малата држава мора да има мали амбиции или дека нашите деца треба да заминат за да успеат. Македонија е голема колку што е голема нашата волја да ја направиме подобра.“

Премиерот го заврши говорот со силна порака:

„Ова е времето на создавање, не на чекање. На визија, не на страв. На обединување, не на пресметки. Македонија влегува во деценијата на зрелост, а ние сме генерацијата што мора да ја постави линијата дека државата може, знае и ќе успее.
Ова е нашето ветување. Нашиот завет. Нашата мисија.“

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Размислувања за Go, Rust и Zig: Компаративна анализа на модерни програмски јазици
Следна Статија „Безбеден град“ му испрати „честитка“ и на Тошковски за брзо возење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Дневен хороскоп за Јарец – петок, 7 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денешниот ден е идеален за стекнување јасност преку саморефлексија, Јарцеви. Како амбициозни, стрпливи, практични, концентрирани…

February 7, 2025
Blog

Ричард Тенг за состојбата на биткоинот: Непредвидливоста на криптовалутите е привремена, ова е можност за развој и учење на пазарот

Ричард Тенг, извршниот директор на Бајнанс (Binance), лидерот во крипто индустријата, ја коментираше веста за падот на цената на криптовалутите…

February 5, 2025
Blog

Царините на Трамп ги урнаа берзите ширум светот: Волстрит и Азија се во неволја

Во согласност со одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска стапи на сила нов сет на царини…

April 9, 2025
Blog

Ова е еден од најамбициозните европски инженерски проекти во вредност од две милијарди евра

Норвешка гради еден од најдолгите и најдлабоките подводни тунели во светот, еден од најамбициозните инженерски проекти во Европа, кој се…

April 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?