Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Безбеден град“ му испрати „честитка“ и на Тошковски за брзо возење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Безбеден град“ му испрати „честитка“ и на Тошковски за брзо возење
МАКЕДОНИЈА

„Безбеден град“ му испрати „честитка“ и на Тошковски за брзо возење

Објавено December 6, 2025 17:01
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, утрово добил смс-порака за сторен сообраќаен прекршок забележан од системот „Безбеден град“, додека со своето приватно возило се движел кон Кавадарци, каде денеска се одржува партискиот конгрес на ВМРО–ДПМНЕ. Како што објави, системот регистрирал движење со брзина што ја надминала дозволената за само 1 километар на час.

Screenshot

Ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата. Системот важи и постапува еднакво кон сите и ако регистрира прекршок – санкцијата следи, без оглед кој е во возилото. Нема исклучоци, нема селективност, нема привилегирани, порача Тошковски.

Министерот нагласи дека управувањето со возило е обврска, а не привилегија, и дека токму преку личен пример се гради доверба во институциите и безбедност на патиштата. Според него, „Безбеден град“ не е механизам за казнување, туку систем за воведување ред, дисциплина и спречување трагедии.

Со алармантниот број жртви на патиштата што го имаме, мора да покажеме лична одговорност. Државата ќе биде посигурна само ако законите важат подеднакво за сите – вклучувајќи нè и нас, кои сме најодговорни за нивното спроведување, пишува министерот во објавата на Фејсбук.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Македонија влегува во деценијата на зрелост, а ние сме генерацијата што мора да ја постави линијата дека државата може, знае и ќе успее
Следна Статија Мицкоски: Партнерството со НАТО и ЕУ може да биде силно само ако е рамноправно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Еколошка катастрофа од невидени размери – Преспанското езеро се претвора во бара

Еколошка катастрофа од невидени размери. Преспанското езеро исчезнува, падот на нивото на водата може да се забележи буквално од ден во…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нови сообраќајни правила од 26 септември: Поминување на пешачки со мобилен ќе се казнува 40 евра, користење на мобилен при возење 50 евра

Полека, полека му доаѓа крајот на пешачење со телефон на уво или возење тротинети со слушалки – измените во Законот…

September 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Лага и манипулација е дека со укинувањето на „балансерот“ се поништуваат правата на заедниците

Уставниот суд денеска на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции.…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Куновска распали по СДСМ: Партијата од „струмичкото бизнис чекмеџе“ станува стечајна маса

Поранешната советничка и пратеничка од СДСМ, Софија Куновска со критичка анализа кон однесувањето на опозициската партија по вчерашниот прв круг…

October 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?