Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Тројцата екс градоначалници на Кочани спроведени од полициска станица во суд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Тројцата екс градоначалници на Кочани спроведени од полициска станица во суд
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Тројцата екс градоначалници на Кочани спроведени од полициска станица во суд

Објавено March 21, 2025 17:42
Сподели
Сподели

Тројцата поранешни градоначалници на Кочани, меѓу кои и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов, како и неговите претходници Николчо Илијев и Ратко Димитровски од полициска станица во Кочани се спроведени во кочанскиот суд.

Тројцата градоначалници тееба да дадат исказ пред судија на претходна постапка , откако дадоа исказ во полиција во врска со пожарот во дискотектата „Пулс“ во која загинаа 59 млади лица. Обвинителството за сите тројца побара да им се изрече мерка притвор.

Градоначалникот на Кочани во оставка, Љупчо Папазов, како и неговите претходници Николчо Илијев и Ратко Димитровски влчера вечер беа приведени во врска со трагедијата во дискотеката Пулс.

Папазов пред три дена поднесе оставка на функцијата, а своето единствено јавно обраќање по пожарот го имаше преку социјалните мрежи…

-Во овие моменти, мора да покажеме доблест, да манифестираме целосна одговорност и да покажеме разлика во начинот на постапување. Со нашето однесување мора да дадеме пример дека се спротивставуваме на системот кој не функционира. Доколку постои било каков основ за одговорност кај мене, го повикувам Обвинителството да го испита тоа и да постапи согласно законите. – напиша Папазов во таа прилика…

Истражните органи влегоа во општина пред три дена и, како што соопштија, подигнале огромна документација во врска со дискотеката Пулс, која почнала со работа во 2012 година, кога градоначалник беше Ратко Димитровски.. Таа првата лиценца ја добила во 2021 година, во време на мандатот на Илијев, втората во 2023 во време на Папазов, а претходната 2024 година работела со фалсификувана лиценца…

Со тројцата, бројот на осомничени во врска со случајот со пожарот во дискотеката Пулс, се искачи на 31…

Николчо Илијев од редовите на СДСМ беше градоначалник од 2017 до 2021 година. Претходно прв човек на Кочани беше Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ со два мандата (2009-2017). Љупчо Папазов од ВМРО- ДПМНЕ си поднес еоставка во понеделникот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ОЈО Куманово ги чека извештаите од извршените контроли за случајот со починатиот кумановец
Следна Статија ССК призна дека ја излажал Комисијата за заштита на конкуренцијата за картелот на маркети

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нема лекарска грешка во случајот со смртта на тригодишното дете од Кавадарци

Тројцата педијатри кои по налог на заменик Министерот за здравство Јовица Андовски, утврдуваа дали има лекарска негрижа во случајот со…

June 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нико Чонески е новиот градоначалник на Крушево

Нико Чонески е новиот градоначалник на Крушево. Тој денес доби најголема поддршка од своите сограѓани, на вториот круг од локалните…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ивановска објаснува за што точно Јакимовски доби 3,5 години затвор

Новинарката Јорданка Јоци Ивановска на социјалните мрежи објасни зошто градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски е осуден на 3,5 години затвор.…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во вторник во Брисел: Повеќе отстапки немаме намера да правиме, ќе продолжиме да промовираме европски вредности

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека во вторник заминува за Брисел, се враќа во четврток, а за пораките од таму…

December 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?