Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Треба да се воведе поголем ред во образованието
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Треба да се воведе поголем ред во образованието
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Треба да се воведе поголем ред во образованието

Објавено January 20, 2026 12:49
Сподели
Сподели

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека е задоволна што грипот не достигна поголеми размери и што учениците денеска без одлагање го започнаа второто полугодие од учебната 2025/2026 година.

Во гостување на Македонската радио-телевизија, Јаневска истакна дека во образовниот систем е неопходно да се воведе поголем ред, имајќи предвид дека учениците во земјава и онака поминуваат помалку време на настава.

Нашите ученици до 15 години имаат 900 часа помалку од нивните врсници во Европската Унија, чии стандарди ние сакаме да ги достигнеме и во кој клуб сакаме да се приклучиме. Но, ние, повозрасните, и родителите треба да знаат дека е неопходно да се почитува редот во образованието – додаде Јаневска.

Изјавата следува по актуелните дискусии во јавноста за можноста зимскиот распуст да биде продолжен поради зголемениот број заболени од грип. Според министерката, сите релевантни истражувања, и домашни и меѓународни, покажуваат дека подолгиот престој на учениците во училишните клупи резултира со подобри образовни постигнувања и стекнување повеќе знаења и вештини.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Популарниот синџир за спортска облека поднесе Chapter 11 банкрот
Следна Статија ОЈО ГОКК бара куќен притвор за судијата Ристов, денеска бил сослушан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Доаѓа пекол време: Министерството за здравство ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите препораки

Министерството за здравство потсетува да се почитуваат општите препораки за заштита на населението од високи температури по најновата прогноза од…

July 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЕК со воспитна за Костадинов: Изјави и дејствија што ги поткопуваат принципите на ЕУ се неприфатливи!

Суверенитетот на државите мора да се почитува – неприфатлива е секоја изјава против или дејствија кои ги поткопуваат овие принципи,…

January 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Судијка од Велес времено ќе суди во Кочани поради зголемениот обем на работа

Со одлука на Судскиот совет, судијката Емине Калач од Основниот суд Велес, ќе биде времено делегирана во Судот во Кочани…

May 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад

Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето со кое стрелките од часовникот ќе се вратат…

October 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?