Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ОЈО ГОКК бара куќен притвор за судијата Ристов, денеска бил сослушан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > ОЈО ГОКК бара куќен притвор за судијата Ристов, денеска бил сослушан
МАКЕДОНИЈА

ОЈО ГОКК бара куќен притвор за судијата Ристов, денеска бил сослушан

Објавено January 20, 2026 15:21
Сподели
Сподели

По два дена шпекулации каде е апелациониот судија Ѓоко Ристов се огласи Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Од ОЈО ГОКК претходно информираа дека во домот на родителите на Ристов во Неготино, пронајдени биле 350.000 евра соѕидани во ѕид.

Од ОЈО ГОКК денеска соопштија дека Ристов бил сослушан и ќе биде побарано судот да му одреди куќен притвор и да му биде земен пасошот.

Денеска предметниот јавен обвинител од ОЈО ГОКК го сослуша осомничениот судија и му ги предочи прибраните докази врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил делата што му се ставаат на товар. Ценејќи ги објективните услови што е потребно да бидат исполнети за определување на мерка за обезбедување присуство, како и субјективните што истата ја оправдуваат, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител му достави предлог на осомничениот да му биде определена мерка куќен притвор, елат од ОЈО ГОКК.

Освен оваа мерка, предложено е и определување на мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

Судијата е осомничен за сторени кривични дела противправно стекнување и прикривање имот и перење пари и други приноси од казниво дело.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска: Треба да се воведе поголем ред во образованието
Следна Статија Судскиот совет на итна седница ќе одлучува за имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ОЈО: Не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден од Локалните избори 2025 година до овој момент…

October 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Криминалот е на најниско ниво во последните 20 години

Во кругот на МВР денеска се одржа централната свеченост по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, на која…

May 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

13 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден рибар кај Смилковско езеро

Поминаа 13 години од моментот кога Македонија остана во шок од петкратното убиство кај Смилковско езеро на четирите другари и…

April 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонците во Грција се најзагрозено малцинство во Европа

Грчките власти и понатаму ја негираат самата егзистенција на Македонците во земјата а македонската заедница во Грција е една од…

August 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?