Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски со говорот на „CPAC“ ги докажа одличните односи меѓу САД-Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски со говорот на „CPAC“ ги докажа одличните односи меѓу САД-Македонија
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со говорот на „CPAC“ ги докажа одличните односи меѓу САД-Македонија

Објавено February 22, 2025 12:37
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на конференцијата CPAC – големиот десничарски настан кој се одржува во Вашингтон, а на кој годинава ќе се обрати и претседателот Доналд Трамп, на која се обратија потпретседателот Џеј Ди Венс, спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, голем број претставници на администрацијата на Трамп, странски државници и водечки десничарски коментатори од САД.

Македонија од самата нејзина самостојност немала ниту еден премиер кој имал настап на традиционален настан на кој се собира и дебатира кремот на конзервативците од Америка и Западна Европа. И покрај големите предизвици кои што ги имаше актуелниот премиер Мицкоски додека беше во опозиција, и покрај сите опструкции, проблеми и напади со кои се бори, успеа да се издигне во врвот на меѓународната политичка сцена.

Мицкоски изгради одлични односи со САД, можеби најдобри од осамостокувањето досега. Македонија никогаш не била во толку поволна ситуација. Обраќањето на македонскиот премиер на „CPAC“ во Вашингтон ги потврдуваат одличните односи на Македонија со САД, кои што сега се на уште едно повиско ниво

Мицкски каде што ја раскажа македонската вистина и двојните стандарди на ЕУ бирократите.

Македонскиот премиер потенцираше дека од самиот почеток на нашата самостојност од поранешната југословенска федерација ние имаме две стратешки цели, влезот во НАТО и ЕУ во која не сме во можност да станеме членка, затоа што повторно имаме притисок да го смениме нашиот Устав.
.

-Прво да станеме полноправна членка на НАТО и втората е да станеме полноправен член на Европската Унија. Ние станавме членка на НАТО, но пред тоа го сменивме знамето, ја сменивме нашата валута, го сменивме нашиот Устав, го сменивме нашето име, затоа што некој од нашите соседи станал член на НАТО пред нас и го злоупотреби ветото за да ги исполни билатералните барања. Ако ова не е мешање во внатрешните работи тогаш што е?“, запрашал Мицкоски, потенцирајќи дека двојните стандарди продолжуваат и денес.

Не сме во можност да станеме членки на ЕУ, затоа што повторно имаме притисок да го смениме нашиот Устав, рече Мицкоски во своето обраќа.

-Ако Уставот не е внатрешно прашање на суверена земја, тогаш се прашувам што е? Зарем тоа е фер? Ако некој го критикува говорот, кое според моето скромно мислење беше многу инспиративен, треба да си го впери прстот во себе и да види што тој прави. Европските вредности не се билатеризација на процесот на пристапување кон Унијата, заклучил премиерот Христијан Мицкоски на интервјуто за време на најголемиот годишен собир на американските конзервативци во Вашингтон.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Неидентификуван човечки труп пронајден на местото каде се гради Мега паркот во Штип
Следна Статија Избегнувајте патување во Грција на 28. февруари – најавен голем 24-часовен штрајк

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сообраќајот на Богородица попладнево од 15.00 часот е нормализиран во двата правца

Сообраќајот на Граничниот премин Богородица (ГП Евзони), кој од 11 часот беше блокиран за влез и излез, попладнево од 15.00…

December 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Во 50 училишта ќе се постават фотоволтаични системи

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Георгиевски денеска го посетија…

March 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

МОН: Системски го решивме прашањето со набавка и испорака на учебници, испечатени се и доставени до сите училишта

Министерството за образование и наука во реакција на прес-конференцијата на СДСМ наведува дека системски го решило прашањето со набавка и…

September 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Средба на премиерот Мицкоски со неговиот унгарски колега Орбан

Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук профил објави дека во рамки на самитот остварил средба со премиерот Виктор Орбан. Разговаравме…

March 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?