Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Општество кое има сигурни и безбедни новинари е демократско општество
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Општество кое има сигурни и безбедни новинари е демократско општество
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Општество кое има сигурни и безбедни новинари е демократско општество

Објавено November 4, 2024 17:46
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (04.11.2024) во Клубот на новинари учествуваше на заедничка прес конференција организирана од Здружението на новинари на Македонија на тема „ЗНМ, Јавно обвинителство, МВР – Заеднички напори за институционална заштита на медиумските работници“.

Министерот Тошковски потенцираше дека новинарите претставуваат чувари на демократијата и во општество во кое има слобода на говор, истражувачко новинарство, сигурни и безбедни новинари, може да каже дека е општество кое се движи по патот на едно демократско општество.

-Секаков тип на закана, физичка или вербална, особено кога е насочена кон новинари, треба да има сериозен аларм во рамки на работењето на министерството за внатрешни работи и во рамки на работењето на сите истражни органи, ако сакаме да имаме нормално општество. Се надевам дека во изминатиот период, во рамки на сите случаи, МВР реагирало соодветно и во иднина мораме да се фокусираме максимално транспарентно, посветено и професионално да реагираме на сите овие случаи, и тоа не на декларативно ниво, туку и МВР, ЈО и Судот за овој тип на предмети да дадат соодветно значење, се со цел на крајот на денот, новинарите како чувари на демократијата да ја имаат соодветната заштита во рамки на едно демократско општество. Сето тоа ќе има максимален ефект ако ние како институции сме максимално транспарентна. Еве можам да кажам дека индексот на активна транспарентност на МВР е зголемена и од 87.8% сега е на 95.7% што кажува дека МВР се движи во правилна насока.“, потенцираше министерот Тошковски во своето обраќање.

Тошковски ги охрабри новинарите, како круцијална алка, полициските службеници кои работат на овие случаи, Јавното обвинителство и судовите да имаат фокусиран пристап на разоткривање на ваков тип кривични дел коишто на крај треба да завршат во рамки на една процесна правда, со пресуди коишто ќе бидат во насока на втемелување на овие принципи на едно демократско општество.

„На таков начин сигурен сум дека се повеќе и повеќе ќе ја зацврстуваме улогата на новинарите во нашето општество, да даваме значење на она што треба да значи силно новинарство, кое ќе биде додадената вредност на едно демократско општество.“, потенцираше на крај министерот Тошковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство
Следна Статија Претседателката Сиљановска Давкова ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ивановска: Претседателката на ДКСК мора под итно да си поднесе оставка за да може институцијата слободно да се чисти

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) мора најитно да си поднесе оставка, затоа што на овој начин…

April 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гордан Георгиев: Јас денар не би му дал на Град Скопје и на оваа градоначалничка

Универзитетскиот професор и поранешен потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев, во гостување на ТВ21 ја коментираше темата околу распределбата на парите…

October 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Новиот државен обвинител ќе треба да ја врати довербата, народот е жеден за правда

Да ја врати довербата во институцијата Јавно обвинителство, да се зафати со темелна и напорна работа, а во иднина и…

December 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Првото бебе во 2025 година е машко – се роди минута по полноќ во Скопје!

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство  во Скопје во 00.01 часот се роди првото бебе во Македонија. - Се…

January 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?