Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрези од починат донатор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрези од починат донатор
МАКЕДОНИЈА

Двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрези од починат донатор

Објавено November 1, 2024 14:20
Сподели
Сподели

Во текот на вчерашниот ден на хируршките клиники во Скопје e изведена уште една трансплантација на органи од починат донатор, соопштија од Министерството за здравство.

Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа.

Во тек на изминатото деноноќие извршивме трансплантација од починат донатор. Изразувам посебна благодарност на семеството на дарителот, кои во најболен момент на лична загуба, се одлучија да ги донираат органите, покажувајќи силна емпатија и човекољубие кон пациентите кои чекаат трансплантација. Пациентите кои примија органи се со уреден постоперативен тек. Им посакувам брзо закрепнување и долг живот. Изразувам благодарност и на медицинските тимови од сите клиники кои беа вклучени во процесот на трансплантација, изјави проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Поради ретката крвна група, овојпат на националните листи немаше реципиенти за другите органи, велат од Министерството за здравство / Фото: МЗ

За жал, поради ретката крвна група, овојпат на националните листи немаше реципиенти за другите органи, велат од МЗ.

Трансплантацијата за најголем дел од пациентите е единствена шанса за живот. За други, пак, е можност за поквалитетен живот. Но, таа не може да се случи доколку не постои актот на органодарување. Само благодарение на храброста, несебичноста и емпатијата на семејствата на донорите, трансплантацијата е возможна. Да се подари органи, значи да се подари некому втора шанса за живот, додаваат од Министерството.

На 7 октомври Македонија го одбележа Европскиот ден на органодонаторство со 85 донирани органи за неполни четири години, од кои 38 бубрега, 11 срца, четири црни дроба и 32 коскени ткива.

Во 2020 година беше направена првата трансплантација на срце во Македонија, една година подцина, во 2021 се изврши првата трансплантација на коскени ткива, а во 2022 беше направена првата трансплантација на црн дроб.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ужас во Србија: Се сруши конструкција на железничка станица во Нови Сад, има повредени, меѓу нив и деца
Следна Статија Официјално: Аморим е нов менаџер на Манчестер jунајтед

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ЕК го објави извештајот за напредокот за 2024, Македонија најавува посветеност на европскиот пат и продолжување на реформите

Европската комисија вчера го објави „Пакетот за проширување“ за 2024 година, кој вклучува и Извештај за напредокот на земјава на…

October 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Владата донесе одлука за разрешување на државниот јавен обвинетл Љупчо Коцевски

Владата денеска го усвои предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, со што постапката – која беше привремено…

December 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Индиската претседателка Друпади Мурму во официјална посета на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска со највисоки државни и воени почести ќе ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која…

July 21, 2026
МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Пожарите не се случајни, сторителите ќе одговараат за своето дело

Во емисијата 24 Анализа на истоимената телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој истакна дека пожарите не…

September 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?