Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Италијанскиот амбасадор: Нема гаранција дека Бугарија нема да ја блокира Македонија во преговорите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Италијанскиот амбасадор: Нема гаранција дека Бугарија нема да ја блокира Македонија во преговорите
МАКЕДОНИЈА

Италијанскиот амбасадор: Нема гаранција дека Бугарија нема да ја блокира Македонија во преговорите

Објавено March 21, 2026 19:48
Сподели
Сподели

Нема правна или политичка гаранција што може да и се даде на македонската влада дека нема да има нови блокади од Софија, вели во интервју за ТВ240 италијанскиот амбасадор во земјава, Паоло Палминтери.

„Не постои правна или политичка гаранција која може да се даде бидејќи процесот на проширување е со кластери, поглавја и мерила за овие поглавја. Тоа е многу комплицирано и секој чекор бара едногласност од европската страна, што значи дека секоја гаранција до одреден степен ќе има мала вредност. Најдобра гаранција би била поинаква клима на доверба меѓу Северна Македонија и нејзиниот сосед“,вели Палминтери.

Зборувајќи за иксуството на Италија, амбасадорот смета дека уставните измени и Копенхашките критериуми и понатаму ќе бидат важен сегмент од пристапниот процес, но вели, откако сите влегуваат во истото семејство, политичките прашања кои изгледаат важни, понатаму ја гуват релевантноста.

„Уставните измени беа посочени како последен услов за отворање на преговорите. Потоа, добрите односи со соседите се еден од Копенхашките критериуми па тоа мора да остане во текот на целиот процес. Морам да ви кажам, уверен сум имајќи го искуството од преговорите на Хрватска, а претходно и со Словенија…како соседни земји, Италија имаше отворени прашања со овие земји. Но откако станаа полноправни членки на ЕУ и се придруживме во истото семејство, овие билатерални прашања кои изгледаа толку важни, целосно ја изгубија политичката релевантност“,изјави амбасадорот на Италија во земјава во интервју за ТВ24.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина Драги Гроздановски, порашен пратеник на ВМРО ДПМНЕ од Битола
Следна Статија Пет милиони евра исчезнале од ФФМ во последниот месец на Сејдини, имало и 30.000 „фиктивни“ фудбалери

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Туфегџиќ: Ќе се бара одговорност од јавните обвинители за обвинението на таткото на Вања

Адвокатот Владимир Туфегџиќ во Аргумент плус рече дека по правосилноста на пресудата ќе се бара одговорност на сите ниво од јавните обвинители…

June 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа

Во времето на Зоран Заев и СДС, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и…

February 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Активни пожари нема, под контрола тој во природниот резерват Јасен

На територијата на државата денеска до 09:00 часот имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои нема ниту еден…

August 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Производи со изминат рок ставале во новогодишни пакетчиња: Спроведени 62 вонредни контроли

Минатата недела се спроведени 62 вонредни контроли за безбедноста на новогодишните пакетчиња при што кај две се најдени производи со…

December 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?