Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сведоштво на полицаец избркан од работа откако го фатил во криминал кумот на Заеви
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сведоштво на полицаец избркан од работа откако го фатил во криминал кумот на Заеви
МАКЕДОНИЈА

Сведоштво на полицаец избркан од работа откако го фатил во криминал кумот на Заеви

Објавено October 17, 2024 08:40
Сподели
Сподели

Камиони со струмички таблички преполни со шверц на брендирана роба и скапи делови за коли секоја среда и петок се истоваарат на пазарот во Шутка, пред камерата на Алфа открива поранешниот полицаец Никола Бучков.

Тој е еден од групата полицајци што во ноември 2020 стопираа сомнителен камион со струмички таблички за којшто не постоле документи од царина, но како што вели, под притисок на претпоставените, шоферот не бил задржан во станица и пуштен да си тера со камионот.

Бучков тврди дека во моментот кога го проверувале камионот ги провериле и регистерските таблички и тие се воделе на фирма регистрирана на кумот на Вице Заев.

Оваа изјава е дадена пред неколку месеци, но поради активна истрага на МВР, дури сега ја објавуваме. МВР веќе спроведе акција во која според последните информации уапсени се 35 цариници од Струмица и Гевгелија. Пред четири години во Шуто Оризари, Бучков заедно со полициската група по забележување на камионот инсистирале да го проверат шоферот и документацијата од царина. Веднаш по нивното пријавување, следувале притисоци од претпоставените, сведочи Бучков, пренесе Алфа.

Бучков бил даден на дисциплинска постапка бидејќи, според претпоставените, од полициска станица Шутка незаконски го проверувал струмичкиот камион. Исто така тој сведочи дека поради одмазда, МВР му мести ситуација дека не дозволил постапување на полициски службеници на улица, а лично министерот Спасовски му потпишал отказ. Добил клоци и тупаници од колегите од крим техника кои според него не може случајно да се нашле на лице место на улица во Струмица.

Бучков е убеден дека тогашната власт го штитела криминалот на кумот на братот на поранешниот премиер Зоран Заев, а тој случајно го затекнал камионот, па поминал пекол и агонија што му ја направиле, како што тврди, неговите шефови.

Инаку, БЈБ на МВР, Министерство за финансии, УЈП и Јавното обвинителство пред еден месец влегоа во фирмите на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов. Тој се сомничи за перење пари, двојни плаќања, незаконско постапување и даночни затајувања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На 31 година загина пејачот Лијам Пејн, бившиот член на поп-групата „Уан дајрекшн“, паднал од трети кат во хотел
Следна Статија Владата одобри 65 милиони евра за 274 проекти во 77 општини: Струмица, Град Скопје, Теарце и Сарај не ја поминаа евалуацијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Родителите бараат одговори – Дали децата во „Пулс“ загинаа од цијанид?

Една година по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, семејствата на жртвите сè уште немаат одговори за причините за смртта…

April 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Рокас: Нема влез во ЕУ без право на глас

Процесот на пристапување во ЕУ е дефиниран во договорите на Европската Унија. Всушност, не постои такво нешто кое би предвидувало…

February 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

За 24 часа 110 илјади сообраќајни прекршоци во Скопје, 90% се за пребрзо возење

Камерите на „Safe City“ регистрирале 110 илјади прекршоци во првите 24 часа само во Скопје. Или поинаку кажано – 77…

December 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи. „Овој успех е потврда за…

February 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?